Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Паушални обвинувања од Филипче за владата на Мицкоски, лидерот на СДСМ најави темелни промени во партијата

По историскиот пораз кој социјалдемократите го доживеаа на последните парламентарни избори, лидерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По историскиот пораз кој социјалдемократите го доживеаа на последните парламентарни избори, лидерот на СДСМ, Венко Филипче е убеден дека неговата партија ќе застане на нозе, иако СДСМ летово делува како да се на колективен одмор. Во интервју за неделникот Фокус, тој најавува нова политичка стратегија, со која ќе ја враќал довербата кај граѓаните, со ветување за нови темелни промени во СДСМ кои со месеци никако да се случат. Оптимистички тврди дека само СДСМ е партијата која може да се спротистави и да го порази ВМРО-ДПМНЕ иако изборните резултатити и расположението на граѓаните не го покажуваат тоа.

“Само СДСМ може да го порази ВМРО-ДПМНЕ и никој друг. Точно е дека СДСМ е исправена пред голем предизвик, но ние сме биле и порано во слични ситуации од кои сме се враќале посилни.Тоа ќе се случи и сега, а оние кои се надеваат на распад на партијата, ќе бидат разочарани. Сигурен сум дека стабилно и во континуитет ќе ја враќаме довербата кај членството и граѓаните”, вели во интервјуто пратеникот и лидер на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче го критикува барањето на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители.Според него, каква било реформа во правосудството мора да биде мониторирана и одобрена од меѓународната заедница.Претседателот на СДСМ, упати критика и за заемот од Унгарија.Тој се   сомнева дека зад тој заем се крие друга позадина.Според него трошењето на овие пари ќе биде неконтролирано од ниедна меѓународна институција, како што е тоа случај со кредитите од ЕБОР или останатите меѓународни финансиски институции. На обвинувањата од Филипче, ВМРО ДПМНЕ му возвратија со потсетување за криминалното работење на СДС и ДУИ кое, според нив направи голема штета за граѓаните.  

Го разбираме Филипче што мора да одработува, валканите пари секогаш имаат дополнителна цена која се плаќа за нив, а тоа е беспоговорната лојалност кон тој што ти ги дал. Затоа Филипче се однесува вака понизно кон картелот Заеви. Нема избор. Тажно е да се гледа Филипче во оваа улога, од солиден неврохирург како прерасна во солиден измеќар на бандити станувајќи и самиот еден од нив, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

По дебаклот на парламентарните и претседателските избори – на чело на СДСМ застана Венко Филипче. Тој беше избран со помалку од 10.000 гласови, експертите поставуваа прашање колку тој има легитимитет да раководи со партијата. Според дел од нив, неговиот избор за претседател на партијата е тотално не легитимен. Освен тоа, дојде на претседателското столче со тежок багаж зад себе, со низа скандали додека беше министер за здравство, кои кулминираа со пожарот во модуларната болница во Тетово, каде загинаа 14 луѓе.Филипче останува запаметен и по сомнителни тендери и сомнежи за корупција во екот на пандемијата од Ковид 19, кога Македонија беше меѓу државите со највисока смртност.