Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Пожарите продолжуваат да пустошат и да дивеат на повеќе локации низ Македонија

Пожарите продолжуваат да пустошат и да дивеат на повеќе локации низ Македонија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарите продолжуваат да пустошат и да дивеат на повеќе локации низ Македонија. Времето не им оди во прилог на пожарникарите, а особено ветрот кој доплнително ги разгорува жариштата, Се гасне од воздух и копно, на терен се пожарникари, волонтери, полиција. На располагање се германски и кипарски ер-трактори, хеликоптер од Словенија, пожарникари со специјални возила од Унгарија.

Најопасна точка е околината на Македонски брод. Пожарот стигнува се поблиску до ловиштето Јасен и викенд населбата Козјак.

Акцентот повторно го ставаме на пожарот кај Македонски Брод, големиот пожар, монструм од пожар врз кој дејствуваме повеќе од 20 дена. Првиот крак е с. Белица, или рибникот Белица, дејствуваме со два ер – трактора, и со сили од земја, вториот крак се движи кон викенд населбата Козјак, безмалку е изгаснат, направен е противпожарен појас над самата викенд населба кој нема да дозволи огнот да продолжи кон куќите. Во текот на вчперашниот ден овој противпожарен појас направен беше во договор со унгарскиот противпожарен тим. Овој противпожарен појас беше изгорен со контра пожар за секој случај превентивно да не може огнот да премине кон викендиците. Третиот крак е кон ловиштето Јасен, се уште е активен, делуваме со два ер трактори, објаснува директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Реклама

Гори и на планината Галичица, од врвот Магаро кон местото Стење од ресенска страна. И таму се дејствува со ер-трактори.

За брза детекција на пожарите, помагаат и пилотите на комерцијалните летови, кои кога ќе забележат чад на некоја локација, веднаш пријавуваат во Контрола на Летање. Добиена е дојава за пожар и на планината Сува Гора, спроти село Ласкарци.

Во меѓувреме полициските дронови ги надлетуваат опожарените подрачја и ги ловат подпалувачите и дрвокрадците. Поднесени се повеќе кривини пријави, а надлежните најавија дека нема да толерираат никој кој свесно ја уништува природата.

Инаку речиси пет отсто од вкупната територија на државата биле зафатени со пламени јазици  во изминатите шест месеци покажуваат податоците генерирани од софтверот  „Ороратек“ за детекција и следење на шумски пожари.