Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Пожарите продолжуваат да пустошат: Еден ќе се изгасне, друг ќе пламне – повеќето се намерно подметнати

Пожарникари, ренџери, хеликоптери, волонтери, деноноќно се мобилизирани. Во Македонија секојдневно се појавуваат нови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарникари, ренџери, хеликоптери, волонтери, деноноќно се мобилизирани. Во Македонија секојдневно се појавуваат нови и нови пожари. Изминатото деноноќие имало вкупно 40. Од нив, 25 се изгаснати, а 6 се ставени под контрола, активни се девет. Седум денови гори во Охридско, нискостеблеста вегетација во НП Галичица на македонско албанската граница, таму се гаси со хеликоптер, а активен e и пожарот на Илинска планина, каде се делува од копно. Тешка е состојбата и со двата пожари во општина македонски Брод. Директорот на Центарот за управување со кризи се сомнева дека голем дел од пожарите се подметнати бидејќи, според него, не е нормално во еден ден во Македонија да гори на четириесет различни места.

На дневна основа имаме појава на 35-40 стихии. Се сомневам дека добар дел се подметнати бидејќи не е нормално во еден ден да имаме 35-40 пожари. Или се работи за тотална неодговорност на одредени поединци или за некаква намера. Oвој пожар е сѐ уште активен и по 19 дена, но со поддршка на локалните пожарникари и со поддршка на унгарскиот тим пожарникари, пожарот го заокружи селото Брезница и не навлезе во селските куќи. Едниот крак од пожарот се движи во насока на викенд населбата на Езерото Козјак. Затоа овие два дена ги фокусиравме пожарникарите кои дојдоа за помош од Унгарија да изработат противпожарен појас над оваа викенд населба. За жал еден крај од овој појас успеа да влезе во ловиштето Јасен иако претходно повеќе од 15 дена не дозволуваа овој пожар да навлезе на теренот на ловиштето. Гаснењето ќе продолжи и денеска, наша основна цел е заштита на објектите, пред сѐ, на викенд населбата на Езерото Козјак, но и да го стопираме неговото движење во насока на ловиштето Јасен – изјави Ангелов.

Пожарот што втор ден тлее во Општина Чашка, од изутрината поради ветар повторно се активира. Вчера во гаснењето на пожарот биле вклучени два хеликоптери – еден армиски и еден на Министерството за внатрешни работи. Додека пожарот зема замав и се шири кон мешаната дабова и букова шума на планинскиот масив на Азот во Општина Чашка, од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера напладне е упасен маж од селото Ореше што признал дека потпаливал односно сторил кривично дело предизвикување општа опасност. За настанот е известен обвинител, а поднесена му е кривична пријава. Претходно полицијата приведе неколку лица од Прилеп, Свети Николе и Радовишко поради подметнување пожари.

Реклама