Реклама

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Македонија

Општина Битола има шеесетина проекти со кои ќе аплицира за најавената владина финансиска помош

       Најавената владина финансиска помош од државниот буџет, а наменета за општините, ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

       Најавената владина финансиска помош од државниот буџет, а наменета за општините, ќе биде од огромно значење за нивниот локален економски развој. Ова, особено што поголемиот дел од нив, во годините наназад кубуреа со средства, бидејќи наследија сериозни „дупки“ во општинските буџети, а тоа придонесе за нереализација или доцнење во реализацијата на предизборно ветените проекти.

  „Ние сме дел од пакетот на доплолнителни средства, вкупно над 44 милиони евра за четири години што никогаш досега не се случило во поновата историја, пакет на финансиска помош кој покрај основниот буџет кој го има општина Битола, ќе значи многу, за многу нови инфраструктурни проекти. Само да кажам декаво моментов се работи на 16-тина различни локации во градов, дел од инфраструктура, дел објекти кои се реконструираат, и Битола навистина е едно градилиште“, – истакна Тони Коњановски, градоначалник на Битола.

    Во таа насока, општина Битола веќе има шеесетина проекти, а триесетина од нив се и целосно комплетирани, уверува градоначалникот Коњановски. Дел од нив биле готови уште пред Владата и реално да го упати овој повик до општините за да аплицираат.

Реклама

   „Јас најавив шеесетина проекти, меѓутоа ние триесетина имаме во делот само на инфраструктура со кои  ќе аплицираме, готови, или со решение за градба, или пред добивање на решение за градба. Меѓу поголемите секако е и Спортскиот комплекс…Тука се и многу улици и инфраструктура кои се и дел од нашата програма, меѓутоа се и дел од форумските сесии, буџетските форуми кои ги имавме и од барањата на граѓаните кои ги собравме, така што и во иднина граѓаните ќе се соочат со еден градежен „бум“– објаснува Коњановски.  

  Инаку, новата Влада, во наредните четири години, како помош за општините, преку Министерството за ЛС, планира да одвои една милијарда евра, или по 250 милиони евра годишно. Распределбата на овие пари ќе биде според принципот: проекти – аплицирање – па пари, кои пак, ќе се префрлаат на посебна наменска сметка и ќе мора да се искористат за решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните, но никако не за одржување на ликвидноста на општините. Висината на средствата кои ќе бидат ставени на располагање на секоја општина, ќе се утврдува во зависност од бројот на жители. Според најавите, првиот повик до општините за оваа година се очекува биде упатен веќе месецов и ќе биде во вредност од минимум 100 милиони евра.

                                                                                                      Каролина Дурло