Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Македонија

Министерот Николоски со план за нови авиолинии, средства за субвенции ќе има за летови од скопскиот и охридскиот аеродром

Македонската влада вети дека ќе го подобри воздушното поврзување на земјата со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската влада вети дека ќе го подобри воздушното поврзување на земјата со плановите да започне нова шема за субвенционирање следната година за воведување нови линии од аеродромите во Скопје и Охрид.

Најголемиот медиум за авијација во поранешна Југославија, exyuaviation, пренесува изјава од министерот Александар Николоски и ја анализира состојбата на оваа тема.

„Донесовме одлука да формираме работна група која ќе ги испита сите можности за зголемување на бројот на летови од аеродромите во Скопје и Охрид. Нашата цел е следната година да лансираме нови дестинации кои во моментов не се опслужуваат од Скопје и Охрид. Како резултат на тоа, би дочекале многу повеќе туристи, но и би им овозможиле на Македонците полесно и поевтино да патуваат во странство,“ изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Реклама

Николоски рече дека Владата ќе започне преговори со авиокомпаниите.

-Ќе разговараме со неколку меѓународни авиопревозници кои нудат брзи и евтини летови и убеден сум дека следната година ќе имаме многу повеќе дестинации, рече тој.

Македонската влада тендерите за воведување нови услуги ги спроведува од 2013 година и досега има одржано четири од нив. Сите ги освои Wizz Air, која беше единствената авиокомпанија што аплицираше, со исклучок на последната во 2023 година, во која беше вклучена и Lufthansa. Wizz Air не ги воведе сите планирани нови линии врз основа на кои го доби претходниот тендер поради тековните проблеми со возниот парк.

Според условите од програмата за субвенционирање, авиокомпаниите се обврзани да продолжат со новоотворените линии по завршувањето на субвенциите, во спротивно ќе треба да ги вратат средствата.

Николоски не ја прецизираше вредноста на планираните нови субвенции ниту дали ќе биде распишан јавен повик.

Аеродромскиот оператор ТАВ Македонија претходно соопшти дека работи на воспоставување нови летови од скопскиот аеродром, со акцент на услугите кон Шпанија, како и кон западноевропските метрополи, пренесува Ex Yu Aviation.