Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Директорката на ИЈЗ се сомнева на саботажа: Исклучувањето на фрижидерите е директно од бушони

Скандал во Институтот за јавно здравје.Исклучени фрижидерите во кои се чуваат реагенси…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандал во Институтот за јавно здравје.Исклучени фрижидерите во кои се чуваат реагенси за тестирање на заразни и незаразни болести.Сомнежите се дека некој од вработените го сторил тоа.А дали е намерно или не ќе утврдуваат полицијата и обвинителството.Тие покренале постапка дали станува збор за диверзија или невнимание. Според директорката Марија Андоновска стручната проверка ќе покаже дали и колкава е штетата, и побара случајот да се истражи до крај.

“Случајот го пријавивме до надлежните институции и се надевам дека ќе констатираат дали ова навистина е диверзија или случајност. Ги проверуваме реагенсите дали се оштетени. Станува збор за големи количини на реагенси. Меѓу другите, таму беа и реагенсите и за голема кашлица. Во моментов имаме епидемија и замислете, доколку не реагиравме соодветно, денеска ќе немавме да имаме ниту еден реагенс” вели директорката на ИЈЗ, Марија Андонова.

Андоновска ќе бара од МВР да се постават камери во оваа здравствена институција за да има поголема безбедност. Таа е загрижена за последиците – со овој случај може да се загорзи здравјето на пацинетите но и материјалната штета би била огромна.

Реклама

„Не се работи само за тоа дека ќе имаше оромна материјална штета, туку тоа ќе предизивика општа опасност по здравјето и животот на граѓаните” вели Андоновска.

МВР потврди дека било пријавено за скандалот. И јавното обвинителство отвори предмет по допрен глас, за да се испита дали во конкретниот случај дали има кривично дело.

„Се прибира документација, се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат сознанија за настанот и се прават сите неопходни проверки, а за исходот од преземените дејствија јавноста ќе биде известена“, велат од ОЈО.

Пред неколку дена, Андоновска алармираше и за друг проблем во ИЈЗ. Во време на епидемија, кога расте бројот на заразени од голема кашлица државата е оставена без реагенси за тестирање од оваа болест.Таа го обвини претходното раководство на Институтот за јавно здравје, дека без ни малку совест ја оставило установата без доволен број реагенси.

Ања Лукарова