Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Ветено, исполнето – министерот за спорт на терен промовира нови проекти

Министерот за спорт, Борко Ристовски, неуморно на терен. Денеска изврши увид на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт, Борко Ристовски, неуморно на терен. Денеска изврши увид на локацијата каде што е планирана изградба на нова атлетска патека во Гевгелија. Оваа иницијатива произлегува од барањето на група спортски работници, изнесено за време на предизборните посети.

Со овој проект, Гевгелија ќе добие модерна атлетска патека, која ќе биде клучна за развој на атлетските активности во градот и околината. По детална анализа, е избрана најсоодветната локација и е подготвен елаборат за изградба.

На увидот присуствуваа и претставници од Атлетскиот Клуб 7-ми Ноември, кои ги дискутираа идните планови и активности со Министерството за спорт.

Реклама

„Оваа патека ќе придонесе кон создавање подобри услови за тренинг и натпревари, поттикнувајќи го спортскиот развој на локално ниво. Проектот за изградба на атлетската патека е дел од напорите за подобрување на спортската инфраструктура и се очекува да започне наскоро. Оваа нова патека ќе биде важен ресурс за сите љубители на спортот во Гевгелија“ изјави министерот за спорт, Борко Ристовски.

Тој денеска присуствуваше и на свеченото пуштање во употреба на ново спортско мултифункционално игралиште во Давидово.

Ова игралиште ќе им овозможи на жителите на Давидово и околината да се занимаваат со различни спортови и активности, како што се кошарка, фудбал, одбојка и други.

„Изградбата на ова современо спортско игралиште е дел од нашата посветеност да го унапредиме спортскиот живот и да создадеме здрави услови за рекреација и дружење. Верувам дека оваа нова инфраструктура ќе поттикне многу млади луѓе да се занимаваат со спорт и да водат активен и здрав начин на живот. Исто така, се надевам дека ова игралиште ќе биде место каде што сите генерации ќе можат да се собираат, да играат и да се дружат“ рече Ристовски.