Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Економија

ФАЈНАНС ТИНК за ребалансот на буџетот: реалистично макроекономско проектирање

Предлог ребалансот на буџетот се темели на реалистично макроекономско планирање. Вака во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог ребалансот на буџетот се темели на реалистично макроекономско планирање. Вака во најновата анализа Институтот за економски истражувања Фајненс Тинк ја оцени прекроената државна каса. Институтот смета дека проекцијата за буџетските приходи со ребалансот е во линија со економските движења.

„Со секој ребаланс на буџетот во текот на годината, најчесто се вршеше кратење на буџетските приходи поради нивно прекумерно проектирање, проследено со најчесто кратење на капиталните инвестиции, а со цел задржување на проектираниот буџетски дефицит во првично-планираните рамки, ако не и негово зголемување. Со сегашниот ребаланс на Буџетот забележуваме реалистично макроекономско проектирање, и ја поддржуваме оваа структурна промена“

Од Фајненс Тинк забележуваат и одредена загриженост од зголемениот дефицит за кој сметаат дека не е и не смее да се третира како изненадување. Предизборните политички ветувања, навестувале дека за нивно остварување е потребно значително проширување на фискалниот простор, што сега се гледа во проекцијата. Проширувањето е резултат на линеарното зголемување на пензиите од 2.500 денари во септември, односно вкупно 5.000 денари заклучно со март 2025 година. Сепак, Фајненс Тинк нотира дека 71% од буџетскиот дефицит бил направен за 6 месеци ,што е несразмерно со периодот на кој се однесува. Новата влада немала доволно време да ги консолидира расходите.

Реклама

„ Разбирливо е дека за значајно консолидирање на расходните ставки, подалеку од ставката стоки и услуги и традиционалната дебата за користење возила, ручеци, мебел и хонорарно вработување партиски членови, е неопходно одредено време. Фајнанс тинк очекува вакви потези, базирани на поширока дебата, да станат видливи при проектирањето на буџетот 2025 година, освен кај ставката стоки и услуги, и во други релевантни ставки како разните видови субвенции, трансфери“

Позајмувањето на пари од Унгарија со поповолни услови од пазарните, во анализата е нотирано како конструктивен чекор, иако каматната стапка на било кое позајмување моментално е повисока од економскиот раст. Фајненс Тинк смета дека клучно е овие пари да се искористат за развојни цели, односно да се поттикнат нови инвестиции кај компаниите наместо да се додаваат пари на веќе направена инвестиција и да се реализираат нови капитални проекти во општините наместо да се покриваат нивните долгови.