Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Средба на претставници на Асоцијацијата на национални терестријални ТВ станици со министерот Андоновски

Како најголеми и највлијателни медиумски куќи во Македонија, му ја предочивме на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како најголеми и највлијателни медиумски куќи во Македонија, му ја предочивме на министерот состојбата на медиумскиот пазар кој се соочува со огромни предизвици, но и непочитување на последните измени на Законот за АВМУ , член 141 и 141-а, со што националните ТВ станици се доведуваат во нерамноправна и подредена ситуација. Преку пластични примери го запознавме министерот Андоновски и за проблемот на галопирачката ТВ пиратерија на нашите но и странските ТВ програми како и за недоволно прецизирана медиумска регулатива полна со легални нелогичности.

Напоменавме дека Македонија , Црна Гора и Босна се последните „црни дупки“ во Европа каде поголемиот дел од кабелските оператори ги преземаат нашите програми и истите ги продаваат на нашите гледачи, при тоа оставајќи не’ без соодветен надоместок.

Оваа нивна пракса се коси со основните бизнис постулати, но истовремено крши и неколку закони кои се доста стриктни кон непочитувачите на истите.

Реклама

Ја известуваме јавноста дека доколку и овој кабинет на нашето ресорно министерство, како што беше случај и со претходните, во разумен правен рок не ни ги обезбеди елементарните услови за работа на нашите медиумски компании, ние ќе бидеме принудени да преземеме соодветни чекори.