Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Неуморниот Борко Ристовски – министерот за спорт на секојдневни средби со спортистите

Министерот за спорт, Борко Ристовски, со набиена агенда и секојдневни средби со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт, Борко Ристовски, со набиена агенда и секојдневни средби со спортистите

Тој денеска ги посети машката и женската Одбојкарска репрезентација на Македонија, кои се на подготовки на Маврово.

„Нашите одбојкари и одбојкарки се подготвуваат за квалификациските натпревари за Европското Првенство 2026, со полн ентузијазам и посветеност. Тренинзите и подготовките се интензивни и добро организирани, а нашите спортисти покажуваат неверојатна дисциплина и енергија” вели Ристовски.

Реклама

Министерот додава дека е очигледно оти нашите спортисти имаат огромен мотив за постигнување на врвни резултати.

„Горди сме што ги имаме овие талентирани и посветени спортисти кои го носат македонското знаме со гордост. Нивниот дух и посветеност се инспирација за сите нас. Да ги поддржиме и охрабриме на нивниот пат кон Европското Првенство 2026” напиша Ристовски на социјалните мрежи.

Министерот вчера се сретна и со
младинската машка ракометна репрезентација на Македонија, која на младинското европско ракометно првенство заврши на одличното 9-то место.

„Горди сме на нашите млади спортисти и нивниот успех, кој е резултат на напорната работа, посветеност и тимска игра. Честитки момци, продолжете да го следите вашиот пат кон успехот и да го носите македонското знаме со гордост” напиша министерот за спорт на социјалните мрежи.