Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Пожарите на Серта продолжуваат да беснеат , повреден е командирот на штипската пожарна

При гаснење на пожар на старата депонија меѓу штипските населби Пребег и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

При гаснење на пожар на старата депонија меѓу штипските населби Пребег и Мерите со тешки повреди се здобил, командирот на штипските пожарникари. Додека го гаселе пожарот којшто избувна вчера околу 19часот, командирот Благој Ренџов се здобил со скршеници на двете раце. Веднаш е хоспитализиран во штипската Клиничка болница, каде е задржан на болничко лекување. Ренџов, уште од првиот ден е на пожарите на Серта. Во меѓувреме двата пожари во штипско кои беснеат повеќе од десетина денови  се уште се активни.

Таму се уште имаме два пожари коишто горат на различни локации. Првиот е на воениот полигон Криволак кон насока на река Брегалница  и се движи кон неа, додека вториот се наоѓа над селото Пухче во насока над селото Селце, за којшто можам да кажам дека имаме делумна контрола  и не ги загрозува двете села„ изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Рано утринава со полициски хеликоптер се гаси пожарот, кој вчера доцна попладне изби во атарот на село Челопек, Старо Нагоричане. Бидејќи во близина нема вода, волонтери од Црвениот крст поставија базен од кој хеликоптерот полни вода. Овој пожар е веќе ставен под контрола. Се уште гори и во општините Пласница, Чашка и Долнени, кај селото Небрегово. Поради високите температури повторно е активен и пожарот кај селото Бадилен, општина Ново Село. Првиот човек на ЦУК, упати апел, граѓаните кои имаат објекти во загрозените подрачја соодветно да ги заштитат.  

Реклама

Апелирам до сите оние коишто имаат индустриски, но и приватни објекти, почнувајќи од куќи, викендици или било каков друг тип на објекти, да направат мек појас околу нив којшто ќе биде доволно широк да не може огнот да го прескокне . мекиот појас можат да го направат со мотокултиватор, трактор или со било каква механизација. На тој начин ќе може да ги спасат своите објекти доколку пожарот дојде во нивна близина„ порача директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов

Во изминатото деноноќие на територијата на целата држава регистрирани се 30пожари. Од нив 20 се целосно изгаснати, а 10 се активни.  Денеска на сите пожари ќе се дејствува и од воздух. Надлежните информираат дека имат делумна контрола над пожарите и ниту едно населено место не е загрозено.