Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Прилеп се подготвува за традиционалниот фестивал на пивото, годинава од 9 до 11 август

Фестивалот со дведецениска традиција, кој Прилеп и Македонија ги етаблираше високо на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фестивалот со дведецениска традиција, кој Прилеп и Македонија ги етаблираше високо на балканската туристичка мапа, по ланското ребрендирање од „Пивофест“ во „Prilep Beer Weekend“, годинава ќе се одржи од 9 до 11 август. Организацијата на оваа популарна фешта на пивото и скарата која своите срамежливи почетоци ги имаше во далечната 2002 година, со само двегодишен прекин заради пандемијата, и годинава му е доверена на минатогодишниот организатор, Продукцијата „Евент гроуп“ од Скопје. Отстапувањата од вообичаениот датум на одржување на Фестивалот, а кој со години беше првиот викенд после „Петровден“, според градоначалникот на Прилеп, не би требало негативно да се одрази на очекуваната посетеност.

„Да, традицијата за одржување на Фестивалот на пивото, продолжува. И се разбира одбирањето на датум односно на викенд е во контекст на тоа дали постојат пред тоа или после тоа верски празници, односно со постот, а воедно и организаторот сам понудува кој датум би го одбрал, така што стриктно да се придржуваме традиционално на ист датум или ист месец, не мора да постои. Мислам и се надевам дека континуираниот прилив на гости, наши иселеници, корисници на годишни одмори, е во целиот летен период, така што нема да се одрази за славење на само еден настан“, – вели Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

   Што се однесува до локацијата, таа останува истата, односно во центарот од градот на плоштадите „Александрија“ и „Методија Андонов – Ченто“. Површината предвидена за поставување на штандовите изнесува 3.811 метри квадратни, ќе бидат обезбедени и повеќе паркинзи, а работното време на Чаршијата и угостителските објекти во трите фестивалски дена ќе биде продолжено за два часа. Организаторите пак, најавуваат богата и ексклузивна музичка програма, која наскоро ќе бидела и објавена. Општина Прилеп за годинашниот „Prilep Beer Weekend“, исто како и лани, одвои еден милион денари од Програмата за култура и очекуваат дека престојниот Фестивал ќе биде дополнителна и многу важна финансиска инјекција за целата Oпштина. Ветуваат успешно фестивалско издание, согласно очекувањата и на посетителите, но и на учесниците: музичарите, пиварниците, угостителите, како и воопшто на Чаршијата, како во поглед на безбедноста, така и на хигиената, паркирањето и сместувањето.

Реклама