Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Штип доби нова пешачка зона – затворена за сообраќај култната „Едносмерна“

Штип доби нова пешачка зона. Од денеска, најфрекфрентна улица во центарот, станува…

Сподели:

Штип доби нова пешачка зона. Од денеска, најфрекфрентна улица во центарот, станува шеталиште. Затворањето  за сообраќај на култната улица „Едносмерна“ каде отсекогаш се сместени главните трговски дуќани, ќе даде нов и поурбан лик на градот.

„Многу е убаво, народот сега ќе може слободно да се шета. Потребно му беше на градот на вакво нешто, бидејќи улицата беше преполна со возила и човек одвај можеше да се размине„ коментираат штипјани.

Улицата пробно ќе биде затворена неколку недели. Станарите кои живеаат на оваа улица ќе имат обезбедено паркинг простор во двете катни гаражи, а снабдувањењето на дуќаните со роба ќе се спроведува во одредени термини од денот

Реклама

   Изјава-Иван Јорданов-градоначалник  на Штип

„Проектот којшто го имаме зацртано за улицата„Ванчо Прќе„ е да биде уредена со соодветна урбана опрема, поплочена. Ова ќе биде можност за голем дел од нашите сограѓани своето слободно време да го поминат на прав начин, какошто доликува на еден град којшто е центар на Источна Македонија„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

Проектот „Пешачка зона во Штип“ изнесува околу 200.000 евра. Беа изградени две катни гаражи, а се предвидува и реконструкција на водоводната и канализациона мрежа, со што ќе се реши долгогодишниот проблем на станарите на оваа улица.

Александра Ристевска

Штип доби нова пешачка зона – затворена за сообраќај култната „Едносмерна“ (youtube.com)