Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Министерот за спорт Борко Ристовски најави ревизија на изградбата на базенот во Охрид 

Капиталниот објект вреден 5 милиони евра, кој започна да се гради пред…

Сподели:

Капиталниот објект вреден 5 милиони евра, кој започна да се гради пред многу години не само што е далеку од реализација, туку и тоа што се изградило, пропаѓа. Затворениот пливачки базен почна да се гради во 2018-та , речиси во исто време со автопатот Кичево – Охрид и засега ја има истата судбина.

На објектот не се работи повеќе од година и пол, поради тоа министерот за спорт Борко Ристески најави раскинување на договорот со економскиот изведувач,изработка на нов проект и проценка колку ќе треба дополнително да се инвестираат сретстава за доизградба на базенот.

„Ние ќе почнеме во најбрз можен рок ревизија на работите во базенот, парцијална само за базенот за да не ја закочиме целата процедура за побрзо започнување на дограбата, така да ревизијата ќе ни каже дали ќе има можност за кривична пријава.Ако ревизијата утврди  дека има можност за кривична пријава,бидете сигурни дека ќе  го направиме тоа” рече Борко Ристески, министер за спорт.

Реклама

Инаку во рамките на денешната посета на Охрид, премиерот Христијан Мицкоски придружуван од градоначникот Кирил Пецаков покрај базенот, направија обиколка и присуствуваа на отпочување на работите за изградба на спорска сала во село Лескоец, проект вреден 30 милиони денари.

„Проект ветуван 30-тина години, конечно ќе излезе на виделина и ќе добиме модерен спортски комплекс затоа што на она ќе се надоградат уште неколку инвестиции меѓутоа започнива со спортска сала  каде што не само ученицити туку и жителите ќе можат да уживаат и да се рекреираат” рече Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Со фрлање на кемен темелник отпочна изградбата намилтифункцинално повеќенаменско игралиште во населбата Видобишта а беше пуштена во употреба сообраќајницата дел од булвар кој ќе биде модерен влез во Охрид од страна на Битола.

„Еден навистина импознатен инвестициски циклус и дополнително сега со ребалнасот ќе бидат предвидени сретства за општините и за нови проекти за крајот на оваа година, подготвени се од општината проекти за следната година така што тоа што со децении не било работено во Охрид и Македонија не било работено, ќе биде сработено сега” рече Христијан Мицкоски, премиер.

Три недели како е избрана новата влада но даваме се од себе состојбата која ја наследивме а е аларманта и лоша да ја надминеме, подговени сме да ги решаваме проблемите како во Охрид така и во цела Македонија, рече Мицкоски.

Росица Голабовска

Министерот за спорт Борко Ристовски најави ревизија на изградбата на базенот во Охрид (youtube.com)