Реклама
Македонија

Македонија направи многу, а доби само тапкање по рамо – сега на ред е Брисел да даде нешто за возврат

Македонија промени име, знаме, банкноти, имаше територијални распределби, воен конфликт, неколку пати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија промени име, знаме, банкноти, имаше територијални распределби, воен конфликт, неколку пати го менуваше Уставот, и секогаш добивавме само тапкање по рамо. Брисел не тешеше сите овие години дека сме најдобрите во одделението и секогаш девизата беше „уште ова, и готово“. Поминаа години, се уште сме во ходниците, далеку од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски и порача на Европа: „Направивме се, сега редот е на вас“.

На патот кон ЕУ сега најголемата но не и единствена пречка се Бугарите во Уставот. Покрај тоа, Македонија треба да работи и на борбата против криминалот и корупцијата, да спроведува реформи и да ја врати довербата во судството. Сите овие чекори се веќе високо на агендата на актуелната Влада, но нема промени во позициите на Христијан Мицкоски за уставните измени кои во оваа форма се само бугарски диктат. Тој во интервју за „Ал Џезира“, повторно го отвори прашањето – ако Бугарија бара заштита на нивното малцинство во Македонија, тогаш зошто не ги почитува пресудоте на Судот за човекови права во Стразбур кои се однесуваат на Македонците во Бугарија, чии права безброј пати беа прекршени сите овие години.

Првото прашање има едно потпрашање. Велиме, во ред еве, дали нечии права човекови се забранети или се ограничени затоа што не се дел од Преамбулата на нашиот македонски Устав. Тогаш се поставува дилемата, во ред може да е тоа така, но која европска институција е задолжена да суди дали нечии човекови права се ограничени или нарушени. Тоа е Судот за човекови права во Стразбур. Ако ги видиме одлуките на овој суд поврзани со човековите права во регионот ќе дојдеме до заклучок дека 14 пресуди доаѓаат од оваа европска релевантна институција за македонската заедница во Бугарија дека нема право, односно дека нивните човекови права или се ограничени или се нарушени и нула за бугарската заедница во Македонија. Четиринаесет со нула, значи не е тоа причината. Ајде тогаш да видиме што е причината и што добиваме ние, кажа Мицкоски.

Реклама

Многу направивме и во однос на Грција, а за возврат не добивме ништо на релацијата со јужниот сосед. Мицкоски уверува дека добрососедските односи се двонасочна улица, и двете земји треба да покажат почит кон договореното. Прашањето е зошто Грција не го почитува Преспанскиот договор, вели премиерот, укажувајќи дека односот на Грција не е зрел бидејќи освен декларативна нема суштинска поддршка за македонските евроинтеграции.

Не се согласувам со вашата констатација дека не го почитувам договорот од Преспа. Не сум среќен со тој договор, знаете како тој договор беше донесен во Парламентот, кога пратеници за уши се носеа, а претходно притвораа и затвораа, се уценуваа за да гласат за тоа што се случи тогаш. Но, тоа е во функција, тоа е реалност. Јас пред четири години самиот кажав дека овој договор е реалност и покрај тоа што трпев големи политички напади од крајната десница или левица.. Така што сè што е содржано во договорот го почитувам, целокупната официјална, формална, институционална комуникација е апсолутно со придавката. Почитувањето е двонасочна улица, мораме така да се однесуваме, не смееме да имаме двојни стандарди, треба да имаме принципиелен однос, јас така се однесувам како човек сум принципиелен и така ќе продолжам да се однесувам во животот, за разлика дали на тоа некој му се допаѓа или не, рече тој.

Во Вашингтон премиерот и министерската тројка – Тошковски, Мисајловски и Муцунски, остварија серија билатерални средби. Се сретнаа со потсекретарот за политички прашања на Стејт Департнетот Џон Бас, со чешкиот и хрватскиот претседател, со премиерите на Албанија, Естонија и Бугарија, Еди Рама. Со повеќе конгресмени, каде се разговарало за европската иднина на Македонија и партнерството со НАТО. Во седиштето на CNN Мицкоски се сретна со познатиот новинар Ричард Квест и со извршниот потпретседател Фил Нелсон, со кои разговарал за можностите за промоција на капацитетите на државава на овој угледен медиум. Имаше средба и со познатиот светски бизнисмен со македонско потекло Мајк Зафировски.

Од НАТО Самитот Мицкоски порача дека Македонија подава рака и ќе стои рамо до рамо со сојузниците, за заедно да се соочат со сите предизвици. Ги повтори заложбите на Владата за мир и стабилност на регионот, Европа и светот, но истовремено ги бранеше позициите за заштита на македонските национални и државни интереси преку целосен пресврт на надворешната политика на Македонија.