Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Голема роденденска прослава на прилепска пиварница утре во Прилеп

  Своето едновековно успешно постоење како еден од најцврстите столбови на македонското стопанство,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

  Своето едновековно успешно постоење како еден од најцврстите столбови на македонското стопанство, Прилепската пиварница, продолжува да го одбележува со низа спектакуларни, роденденски настани. Утревечер, Прилеп ќе биде центарот на една од најголемите роденденски забави на отворено, каде според најавите на домаќинот и организатор, генералниот директор на Пиварницата, Сашо Самарџиоски, прилепските пива ќе се продаваат по цена од само 50 денари, а додека останатите пијалоци од широката производна лепеза, ќе можат да се купат за само 40, однсно 30 денари. За забавниот дел пак, како што веќе е познато ќе се погртижат ДНК, Тропико бенд и Марија Шерифовиќ.

  „Се трудевме да има музика за секоја возраст, за секој вкус, за да можат да се забавуваат што повеќе наши сограѓани и гости кои ќе дојдат од другите места. За најдобро да се доживеат перформансите на сите овие ѕвезди, договорено е да се постави музичка сцена која претходно била поставувана во златните времиња на постоење на Пивофестот. Сцената е со димензии  12 на 8 метри, со три лед екрани, еден ентрален, со димензии 10 на пет метри и плус два странични со димензии пет на три метри за да може одсекоја страна да се гледа секој артист“, – изјави Сашо Самарџиоски, генерален директор на Прилепска пиварница.

   Утрешниот датум на одржување на оваа роденденска забава не е случаен. Според документите, но и според кажувањата на најстарите живи наследници на оние кои во далечната 1924 година скромно ја започнале успешната приказна на Пиварницата, а која подоцна прераснува во своевиден гигант, нејзините почетоци се врзуваат токму со 12 јули, односно со „Петровден“, објаснува Самарџиоски.

Реклама

   „Ќе продолжиме со исто темпо да работиме, да произведуваме високо-квалитетни производи, да ги изненадуваме секогаш со нови производи, нови вкусови, како и редовно со промотивни активности“ – кажа Самарџиоски.

   Инаку, досега во текот на оваа значајна јубилејна година, Прилепската пиварница ја одбележа со низа активности, а кои ќе продолжат и до крајот на годината. Меѓу нив ќе биде и таканаречиониот „фамилијарен ден’ на кој ќе бидат поканети сите бивши, пензионирани и сегашни работници во Прилпеската пиварница.

                                                                                                  Каролина Дурло