Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Половина милијарда евра за Македонија од Унгарија – Мицкоски и Орбан потпишаа договор за специјална финансиска соработка

Специјална економска соработка, сигурност и финансиска стабилност за македонската економија – Унгарија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Специјална економска соработка, сигурност и финансиска стабилност за македонската економија – Унгарија ќе и позајми на Македонија 500 милиони евра. Ова е договорено на средбата помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и неговиот унгарски колега Виктор Орбан.

„Во името на таа соработка се договоривме дека веднаш сега одговорните лица, министерствата за финансии на двете Влади да отпочнат процес во којшто унгарската влада ќе и позајми на македонската влада сума од 500 милиони евра под следните услови, а тоа се камата од 3,25 проценти, три години грејс период, и 12 години рок на отплата, што е вкупно 15 години. Имајќи предвид дека воспоставуваме специјална економска соработка, тоа ќе подразбира дека во иднина кога ќе има потреба од такво нешто, ќе можеме повторно да се обратиме до нашиот специјален економски партнер, а тоа е унгарската влада и да побараме поддршка дополнителна што ќе биде потребна за македонската економија, изјави Мицкоски.

Премиерот е дециден дека македонската економија со ова добива услови какви што не можела да ги добие до сега на економскиот и финансискиот пазар

Реклама

Премииерот информираше дека овие 500 милиони евра ќе бидат употребени на следниот начин: 250 милиони евра директно поддршка за македонската економија под истите услови, 3.25 проценти камата, три години грејс период, 12 години рок на отплата или вкупно 15 години, a 250 милиони евра за капитални проекти во општините.

„Македонската економија ќе добие услови кои што до сега не можела да ги добие на економскиот и финансискиот пазар, а 250 милиони евра ќе бидат наменети за капитални проекти кои што ќе бидат изведени во општините и ќе бидат исклучиво наменети за потребите на граѓаните. Македонија се сака со дела, продолжуваме понатаму и овде во Вашингтон“, посочи Мицкоски.

Во Вашингтон, Мицкоски ја предводи македонската делегација која присуствуваше на НАТО Самитот кој завршува денеска.

Премиерот од Вашингтон заминува за Њујорк каде во следните денови ќе оствари средби со македонските иселеници.