Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Mеџити и Лимани на средба со пензионерите – од септември повисоки пензии за 2500 денари

Иако СДСМ и ДУИ го доведоа буџетот во Министерството за труд и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако СДСМ и ДУИ го доведоа буџетот во Министерството за труд и социјална политика во катстрофална состојба, сепак премиерот Мицкоски и коалиционите партнери од „ВРЕДИ“ успееја да најдат пари за повисоки пензии и плати за граѓаните уште од оваа година. Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, рече дека наскоро ќе се сретнат со синдикалците за да го разгледаат барањето за минимална плата од 450 евра.

„Сме во заеднички контакт, планираме да седнеме заедно да ги видиме стуациите кои се, знаеме дека претходнада влада искористила или злоупотребила буџет од негде 60 % до 80 посто на буџетот на нашето министерство што го доведе во прашање и редовните плати да се платат“, изјави Лимани.

Предизборното ветување на премиерот Мицкоски  им го потврди денеска на средба со пензионерите и вицепремиерот Изет Меџити, кој рече дека уште во првите две недели како влада почнале да ги исполнуваат дадените ветувања пред граѓаните.

Реклама

„На предизборен состанок ние како „Влен“ им ветивме на пензионерите дека нема да ги заборавиме. Во првите две недели од владата веднаш ги исполнивме нашите ветувања. Но, тоа не е се, во блиска иднина ние ќе бидеме посветени линеарно да ги зголемиме уште повеќе, бидејќи пензионерите го заслужуваат тоа“, рече Меџити.

Првиот ввицепремиер Изет Меџити и министерот за социјална политика Фатмир Лимани, се сретнаа со претставници на Здружението на пензионери во Чаир.

Љубиша Владимиров