Реклама
Македонија

Има ли волја официјална Тирана за повторување на скандалозниот попис?

Имаше јаки притосоци од Бугирија врз македонското малцинство во Албанија пред  пописот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Имаше јаки притосоци од Бугирија врз македонското малцинство во Албанија пред  пописот таму. Првиот човек на државниот завод за статистика, Апостол Симовски во интервју зА Радио Слободна Европа, вели дека по интензивната бугарска пропаганда дел од Македонците  биле принудени да се попишаат како Бугари.

  • Ние постојано бевме во контакт и тие не го очекуваа ова. Макар што јас на некој начин го очекував. Проблем беше друго. Што во тој период пред пописот кога се најави, имаше многу интензивна, како да кажам многу јака активност на бугарската држава да агитираат, купуваат, даваат можности за државјанство кои за жал од економски причини, а пред се поради желбата да се оди надвор од државата и да се има пасош кој нема да прави проблеми, многу луѓе го прифатија тој предизвик. Меѓутоа не можеме ние да ја обвиниме државата Албанија за тоа. Можеби можеме да ја обвиниме за тоа што дозволила таков притисок“ вели Симовски – директор на ДЗС.

Симовски вели и дека истиот обид за инжинеринг во пописот се случувал и во Македонија од страна на Бугарија. Според него, целиот процес може да се повтори доколку таква одлука донесат властите во Тирана, со оглед дека и кај нас имало повторување на попис од 1991 во 94-тата година бидејќи поголемиот дел од албанската популација го бојкотирала.

  • Да се разбереме, тоа се случуваше и овде. И во државава многу луѓе за време на пописот кои имаат бугарски државјанства, барем според моите информации од поединци дека ако не се пријават на пописот како Бугари ќе им го прекинат државјанството. Иако ниту една држава во светот, ви тврдам нема право да даде таков податок, никако. Тоа значи дека Албанија доколку сака го повтори, бидејќи од друга страна и таа би требало да има интерес да ја има реалната слика? Знаете но тоа се прескапи операции. Но она што сум сигурен и не можам да ги обвинам моите колеги во Албанија дека по правилата, методолошките решенија, сите стандарди кои се ставен а ги знам сите до еден, дека некој од нив влијаел на податоците. Тоа сепак е исклучително лично изјаснување. Вие не можете некого со сила да го натерате, ама чекајте до сега немало Бугари и не смеете да се изјасните така“ вели Симовски.

Делење пари и бугарски пасоши, флаери со пропагандна бугарска содржина, училишта на бугарски јазик, беа само дел од активностите на терен за што алармираа македонските здруженија и партии. И за време на пописот посочуваат до македонските власти дека Бугарија директно се меша во внатрешните работи на Албанија и на терен работи да создаде бугарско малцинство коешто не постои, но од македонска страна официјална никогаш не презеде ништо.

Реклама

По големите реакции на Македонците оттаму, министерот за надворешни Тимчо Муцунски го повика на рапорт македонскиот амбасадор во Тирана.