Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Полицијата објави распис за апсење по убиството во Тетово, Обвинителството обезбедува снимки

Нова ликвидација од автомобил во движење, овој пат во Тетово. 40-годишник е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова ликвидација од автомобил во движење, овој пат во Тетово. 40-годишник е убиен откако кон „БМВ” со кое се возел пукале од друг автомобил марка „мерцедес“. Убијците откако пукале се дале во бегство, а МВР издаде централен распис за апсење на можни сторители.

  • „Од страна на инспектори извршени се службени разговори со лица – можни сведоци на настанот, извршени се дополнителни проверки, по кои веќе постојат основи на сомневање за можниот сторител на делото, издаден е централен распис за негово лишување од слобода и продолжуваат интензивните оперативно-технички мерки и активности за целосно расчистување на случајот“ велат од МВР.

Во координација со обвинителство полицијата работи на собирање докази и вештачење на автобилот кој е однесено за криминалистичко-техничка обработка, а телото е предадено за обдукција.

  • „Јавен обвинител ги издава сите потребни наредби, мешу кои наредба за обдукција и наредба за обезбедување на снимки од видеонадзор. Возилото и други траги се погинати за вештачење“ велат од ОЈО.

Полицијата веднаш по пријавата синоќа излегла на терен.

Реклама
  • „Во 20.35 часот бил пријавен во СВР Тетово, дека на ул.„Штипска“, во близина на угостителски објект, едно лице кое било со возило „мерцедес“ пукало кон возило „бмв“ во кое било лицето со иницијали Р.Т.(39), кое од добиените повреди починало“ известија од МВР.

Се шпекулира дека станува збор за продолжение на стара пресметка помеѓу две групи кои претходно со огнено оружје се пукаа пред тетовската болница.

Според информациите до кои што дојдовме во јануари годинава кога беше пукањето станува збор за  две тетовски семејства Терзија и Мустаи кои имале недоразбирање поради судски спор. Конфликтот постоел со години, а тогаш двајцата браќа од семејството Мустаи од тетовско Гајре се на скопските клиники.

Во понеделникот, пукање од автобил имаше и во скопско Батинци, а убијците избегаа со автомобил по заседата и по нив уште се трага. Од истрелите од автоматското оружје веднаш починал 34- годишникот Абдуљ Басри Ибраимовски додека три години помалиот брат Зејнељ Ибраимовски со прострелни рани во десното рамо беше пренесен на скопските клиники. Според неофицијални информации причината била крвна освета која започнала пред 15-тина години.