Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Скопските клиники добиваат нови директори

Шест скопски клиники добиваат нови директори. Станува збор за Универзитетска клиника за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шест скопски клиники добиваат нови директори. Станува збор за Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Универзитетска клиника за дерматологија, Универзитетска клиника по хирушки болести Св.Наум Охридски- Скопје, Универзитетска клиника за уво, нос и грло, Универзитетски институт за радиологија, како и клиника за ревматологија.

Ирена Алексиоска Папестиев е нова директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Алексиоска Папестиев завршила Медицински Факултет на УКИМ во 2006година, како најдобар студент на генерација со просек 9,7 за што добива награда од УКИМ и Македонско Лекарско Друство. Специјализација по гинекологија и акушерство завршува во 2012 година на Клиниката за гинекологија и акушерства на која има долгогодишно работно искуство од 2007 година. Во текот на своето образование има бројни престои за стручно усовршување во реномирани Центри во Велика Британија, Израел, Швајцарија, и Хрватска. Паралелно со стрчното усовршување има и академска кариера на Медицинскиот факултет при УКИМ каде ги поминува сите степени на академско унапредување од асистент, доцент , а моментално е избрана за Професор. Член е на повеќе стручни меѓународни здруженија, а има одржано повеќе стручни предавања од актуелните теми од гинекологијата на разни домашни и меѓународни конгреси, симпозиуми и стручни конференции. Во целиот тек на своето работно искуство е докажана како професионалец, почитуван од пациенти и колеги, со истакнати организациски способности. Автор е на бројни научни публикации и коавтор на повеќе академски учебници.

Реклама

На директорското столче во Универзитетската клиника за дерматологија седнува Катерина Дамевска. Дамевска дипломирала на Медицинскиот факултет во 1993 година, магистрирала во 2009 година, а докторирала во 2014та година

Во моментот е вонреден професор на Катедрата по дерматовенерологијасо 25 годишно искуство на полето на детската дерматологија и дерматопатологија.

Дамевска е главен истражувач во повеќе научни проекти, меѓу кои и проекти финансиски подржани од Европското здружение на дерматолози. Таа е автор и коавтор на 18 поглавија во книги и учебници публикувани во странство и 34 публикации во часописи со фактор на влијание.

За нов директор на клиника по хирушки болести Св.Наум Охридски- Скопје е назначен и доктор Небојша Настов. А според биографијата завршил на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што во моментот е докторант на медицински науки. Своето работно искуство го започнува токму во клиниката за Хирушки болести, од 2014тата е назначен за раководител на оддел Трауматологија.

Настов има добиено неколку признанија како што е 13 Ноемвриска награда за литература, орден за заслуги на Македонија, како 13 Ноемвриска награда за спортски лекар.

Игор Камшиковски е назначен за директор на универзитетската клиника за уво, нос и грло. Камшиковски завршил Медицински факултет. А покрај своето долгогодишно работно искуство во здравството е и специјалист Оториноларинголог, хирург на глава и врат.

Доктор Соња Николова е новата директорка на Универзитетскиот институт за радиологија. Николова основно и средно образование завршила во Стурмица, додека пак високо образование се стекнува на Медицинскиот факултет во Скопје.

Николова во 2013тата година се стекнува со звањето специјалист по радиодијагностика, а хонорарно работела како лекар специјалист радиодијагностичар во Клиничката болница во Штип на одделот за КТ и МРИ невродијагностика и мускулно скелетна радиодијагностика.

Вработена е на Универзитетскиот институт за радиологија од 2014тата година, а во 2023 година се стекнала со називот доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на радиологијата.

Емилија Сандевска е назначена за директорка на Клиниката за ревматологија. Сандевска завршила основно и средно медицинско училиште- отсек за медицински сестри. На Медицинскиот факултет се запишала во учебната дипломирала во 2004 година. Од 2007 година е вработена е во ЈЗУ Универзитетска клиника за ревматологија во Скопје. Специјализацијата по интерна медицина ја започнала во 2004 година, а ја завршила во март 2009 година, здобивајќи се со звањето специјалист интернист.Во 2015 година е избрана за асистент докторанд. А во 2019 година ја одбранила својата докторска дисертација.