Реклама
Македонија

Мицкоски: Отворен сум за предлози за судскиот совет, само да не биде како до сега

Премиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека само со распушање на Судксиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека само со распушање на Судксиот совет и Советот на јавни обивнители може вистински да почнат реформите во правосудството. На критиките од амбасадорите дека тоа не е добар потег, тој со понуда: Ако имаат подобар предлог, нека го достават, но довербата во судството мора да се врати.

Некако стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи во државата. Во ред, и да е така, 600.000 граѓани гласаа за оваа коалиција. Очигледно тоа за нив не значи ништо и за политиките на оваа Влада. Истовремено, тие велат дека е катастрофална состојбата со владеењето на правото, во нивните извештаи велат дека цути криминалот и корупцијата, довербата во Судскиот совет и во Советот на јавни обвинители е на два-три проценти кај граѓаните. Еднаш засекогаш да ја вратиме довербата на граѓаните во судско-обвинителските институции затоа што вака очигледно не бива. Видете кои се членови на Судскиот совет и сѐ ви е јасно. Сите бевме сведоци на сите оние драмолетки коишто се случуваа изминатиов период, а поврзани со Судскиот совет, со Советот на јавните обвинители – рече Мицкоски.

Катастрофалната состојба во Судскиот совет кој го следеа низа скандали дотолку повеќе ја турна довербата на граѓаните во правосудството. Меѓународната заедница постојано предупредува на слабостите во неговото функционирање. Сепак вчера евроамбасадорот Дејвид Гир реагираше дека евентуално распуштање на судскиот и обвинителскиот совет ќе значи мешање во судската независност.

Реклама

Амбасадорката на САД Анџела Агелер пак порача дека имало напредок во функционирањето на Судскиот совет и им порача на членовите да дадат отпор на политички притисоци.

Инаку распуштањето на Судскиот совет и избор на членови од редот на судската фела беше дел од изборната програма на ВМРО ДПМНЕ.