Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Одржувањето на патиштата е во опасност, алармира ДЗР

Македонските граѓани возат по опасни патишта бидејќи за нив доволно не се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските граѓани возат по опасни патишта бидејќи за нив доволно не се грижи Претпријатието за оддржување на регионални  и магистрални патишта кое тоне во долгови. Државниот завод за ревизија констатирал дека претрпијатието има буџетска дупка од 11 милиони евра, а вработените самоволно си ги зголемувале палтите, неправилно ја складирале нафтата за возилата кои биле неосигурени.

Ревизорите уште констатирале дека Јавното претпријатие низ годините има тренд на зголемување на долговите како резултат на повеќе работа во делот на одржување и заштита на државни патишта, изградба на нови делници, зголемени трошоци за набавка на нафта и нафтени деривати, како и растот на цените на стоките и услугите.

  • „Во последното донесено решение од 14 јуни 2021 година кое сѐ уште е во важност, месечниот лимит за функционирање на ЈП е определен во износ од 231 милиони денари, додека вредноста на потребни средства утврдена со Програма за одржување и заштита на државни патишта за 2022 година изнесува 1.850 милиони денари“.

Причина за блокираната сметка на претпријатието, 12 години, според резултатите од извештајот на ДЗР се долговите на институцијата, односно извршните решенија за наплата на неподмирени обврски.

Реклама
  • „Обврските кон добавувачи во 2018 година се во вкупен износ од околу 480 милиони денари, додека во 2022 година бележат зголемување и изнесуваат 966 милиони денари. Исто така тренд на зголемување бележат и обврските по извршни решенија кои во 2018 година изнесуваат  околу 324 милиони денари, додека во 2022 година нивниот износ е над 467 милиони денари“, пишува во извештајот на ДЗР.

Лошиот начин на раководење придонел претпријатието да не моеже редовно да ги плаќа доспеаните обврски, да ги зголеми долговите, да треба да плаќа астрономски камати, што ја нарушило ликвидноста. Освен тоа, складирањето на залихите не се вршело на адекватен начин.

  • Условите во кои се чуваат горивото и солта за зимско одржување не се во согласност со Процедурата за евиденција на материјали, со која е предвидено примениот материјал да биде уредно складиран на соодветно безбедно место, заштитен од надворешни влијанија доколку е од специфичен вид, како и од евентуална злоупотреба. Дополнително, овие состојби не се во согласност со обврската на ЈП вршењето на својата дејност да го организира на начин со кој се обезбедува заштита и унапредување на добрата од општ интерес“, констатирале ревизорите.

Ревизорите откриле и дека раководителите погрешно ги прикажувале долговите што ги има претпријатието кое работело и без соодветни еколошки дозволи.