Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Кој е виновен што охридските концесионери не  можат да ги средат плажите за оваа сезона?

Сите функционери од тогаш актуелната локална власт па се до централната кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите функционери од тогаш актуелната локална власт па се до централната кои пред 4 години беа инволвирани во уривањето на плажите, да се прогласат за непожелни личности во Охрид-гневни се поранешните концесионери кои изгубија се што вложиле уредувајќи го крајбрежјето со урбано средени плажи,кои им беа срамнати со земја. Концесиите не им беа продолжени и за да не останат со празни раце, локалната самоуправа сега им дозволи само поставување на урбана опрема.

 “Овие објекти погледнете ги личат на гулабарници,добро и тоа што го имаме.На што личи ова погледнете го само просторов, осмислена плажа со теретани, со козметички студија, со вециња, со туш кабини, ова е единственото јавно веце кое постоеше.Од Билјани извори до Свети Наум нема јавно веце покрај самиот пат”-вели Илија Џепароски,поранешен концесионер

Туризмот не се само црквите, гостите добар дел од денот поминуваат на плажите кои им нудеа многу содржини кои сега ги нема.

Реклама

 “Тоа што го направија сега гледаме дека беше голема грешка и за општината и за туризмот и за нас како сопственици на објектите до плажите.Со самото рушење на се покрај езерото што беше од платформи шанкови се уназади туризмот за повеќе од 20 години”-вели Даница Бачева,хотелиер

Она што највеќе ги револтира се двојните аршини,во соседна Струга и покрај одамна истечените концесии сите плажи работат на диво, а никој не ги санкционира.

“Не да не револтира туку јас се чудам како за Поградец и Струга не постои Унеско само за Охрид постои  Унеско.Изгледа има други аршини кога се уриваа плажите ние охриѓаните некојпат посакувавме и кај нас Мерко да е градоначалник”-вели Џепароски

Општина Охрид не може да ги понуди плажите под концесија бидејќи државата две години не го носи планот за управување со крајбрежјето. Поранешните концесионери не се осмелуваат да финансираат во ништо повеќе од одржување на плажите и поставување на урбана опрема,оти ведаш ќе ги казнат,а сеуште не се опоравиле од загубите кои ги претпеа пред 4 години а се бројат во илјадници евра. Пред официјалниот почеток на сезоната прват напори тие да изгледаат пристојно.

Росица Голабоска