Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Нови имиња на списокот на Министерството за култура, за судир на интереси во Агенцијата за филм

Се одмотува клопчето за скандалите кои ја тресат Агенцијата за филм. Откако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се одмотува клопчето за скандалите кои ја тресат Агенцијата за филм. Откако ТВ Алфа објави дека од оваа институција со години неоправдано се излевале стотици илјади евра, се поголеми се сомнежите за организирана криминал, односно македонска филмска мафија. Во извештаите на инспекцискиот надзор од Министерството за култура, за работата на филмскиот фонд, редовно се повоторува името на Бранко Петровски и Друштвото на филмски работници. Според документите, од 7те милиони денари народни пари, кои легнале на сметката на ДФРМ, за речиси три милиони нема траг како се потрошени.

Дури и за годините за кои има оправдание, како се трошеле парите, за извештаите кои пристигале од Агенцијата, Министерството за култура давало негативно мислење. А истите, биле потпишани дека се уредни од Бранко Петровски. Личност, за кого министерството за култура утврдило судир на интереси, бидејќи бил финански советник во Агенцијата, а истовремено и претседател на надзорниот одбор во ДФРМ.

Надзорен извештај на Министерство за култура за работата на Агенција за Филм:

Реклама

Од приложената документација не може да се утврди дека Бранко Петровски, ги исполнува условите од Законот за филмска дејност за негово именување како финансиски советник.

Првиот човек на ДФРМ пак, режисерот Игор Иванов, вели дека извештајот на култура бил преполн со невистини, и се стави во одбрана на  Бранко Петеровски , за кој вели дека бил познат по својата чесност.

„Бранко Петровски е нашиот највиден колега. Човек што има почитување од сите филмски работници поради неговата чесност и непристрасност. Тоа дека тој бил во судир на интерси, јас не мислам. Зошто Бранко Петровски како финансиски советник, воопшто немал ингеренции да ги одобрува проектите на ДФРМ. Тој одобрувал филмски проекти, краткометражни, долгометражни, документарни и играни филмови, вели Игор Иванов – ДФРМ.

Според надзорот на Министерството за култура, Петровски не само што имал судир на интереси, туку незаконски бил назначуван за финански советник седум години по ред, иако законот го ограничува мандатот на само една година и бара за секој конкурс да биде назначена друга личност. Министерството за култура писмено и укажувало на Агенцијата за филм за овие недоследности, но оттаму не презеле ништо. Министерството и укажало за овој проблем и на владата, но и оттаму не мрднале ниту со мал прст, што остава сомнеж за соучество. Инаку, Бранко Петровски во моментов е член на управниот одбор на Агенцијата за филм и редовен член на ДФРМ.