Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Трипуновски со низа предизвици ветува дека ќе го врати достоинството на македонскиот земјоделец

Достоинствени, среќни и богати земјоделци – Македонија ќе биде гигант во сопствено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Достоинствени, среќни и богати земјоделци – Македонија ќе биде гигант во сопствено проидводство, ова е главната амбиција на идниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски. Негова цел е како што вели тој, оваа урнисана гранка, да прерасне во еден од главните двигатели на македонската економија.

“Македонскиот земјоделец ќе биде достојна категорија за живеење, а не како досега социјална категорија.Тоа ќе значи враќање на достоинството, враќање на македонското производство, кавлитетен земјоделски производ и по квантитет и по квалитет.Тоа ќе значи сигурен пласман, девизен прилив во нашата економија.Овој наш квалитетен производ, ќе го пласираме и надвор од државата..за да ја зајакнеме и домашната економија” – вели Цветан Трипуновски – предлог министер за земјоделие.

Трипуновски е свесен дека пред него престои тешка и макотрпна работа, и ветува дека ќе биде целосно посветен на потребите на сите земјоделци.Најави и строги контроли за тоа каква храна јадат граѓаните, но и максимална заштита на трудот на секој земјоделец. Трипуновски седнува на чело на Министерството за земјоделство, во време кога  земјоделците се на колена – без субвенции,  се соочуваат со ниски откупни цени а и водостпанството е колабирано.

Реклама

“Јас гарантирам и ветувам дека, на пример Агенцијата за храна и ветеринарство да биде во вистинска смисла агенција.Да следи контрола на тоа што влегува во Македонија,што јадат македонските граѓани од домашните произведувачи оние што пласираат храна.Ветувам државниот инспекторат за земјоделство да биде партнер на замјоделците, да го штити нивниот труд а не да се плашат од инспекторатот.Ветувам дека А.Д Водостопанство ќе биде сервисер одговорен за навремено набавување на доволна количина на вода према земјоделските површини да има заграранитрано наводнување” – изјави идниот министер.

Идниот министер за замјоделство најави и ревизија што работеле неговите претходници, тој вели дека наследил лоша ситуација во овој ресор, но со чесна работа тврди дека се ќе биде на свое место.

“Кај и да погледнеме буквлално во секој дел од министерството имаме нефункцоналност, криминал и корупција.Нормално, да ќе се позанимаваме со враќање и правдата, затоа што една нормална држава треба да се темели на спроведување на закони, дали некој е близок до некој политички лидер…или имал политичка функција.Сите индиции ќе ги провериме, секаде каде што има прекрушување на закон секој ќе одговара” вели Трипуновски.

Цветан Трипуновски по струка е дипломиран земјоделски инженер. Тој во 2020 година беше и заменик министер за земјоделие во техничката влада. А веќе има работено во истото Министерството како државен советник.

Ања Лукарова