Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Мицкоски го поднесе предлог составот на идната влада

Мандатарот Христијан Мицкоски до Собранието го поднесе предлог составот на владата и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мандатарот Христијан Мицкоски до Собранието го поднесе предлог составот на владата и имињата, биографиите на идните функционери во извршната власт. Тој очекува да биде оваа точка да биде ставена на дневен ред 22 23 јуни, колку што би требало максимално да трае.

„Граѓаните очекуваат брзи резултати. Да се испорача она што се ветуваше. Не ветувавме многу. Државата е конечно ослободена и ќе биде вратена назад кај граѓаните. Имаме група на луѓе која е исклучтиелно мотивирана, веднаш да постигне резултати. Очекувам секој од нив максимално ќе се заложи, да направиме нешто за нашите граѓани.  Тие тоа го заслужуваат. Тие направија за нас и сега и ние мора да направиме.Очекувам бескомпромисна борба против корупцијата. Нема да има толеранција, на било каква злоупотреба од било кое лице.  Знаеме за многу злоупотреби изминатите 7 години. Лично ќе се заложам.Очекувам брзи резултати во полето на економијата. Да имаме цврста влада која ќе работи, која ќе спроведе брзи реформи, која ќе го поддржи бизнисот. Ние како влада ќе бидеме нивен сервис за остварување на нивните права и зголемување на нивното бизнис портфолио“, порача Мицкоски на прес конференција откако го поднесе составот на владата составена од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и „Вреди“.

То порача дека младите си одат бидејќи нема иднина и таа перцепција може да се смени ако срцето го оставеле на терен.

Реклама

„Да нема граѓаните од прв и втор ред, да нема политичка каста која ќе биде привилегирана а другите да бидат втор или трет или понизок ред. Тоа лично јас нема да го дозволам. Партиите, функционерите кои носат костуми, кравати, не треба да ги направат поразлични од другите луѓе. Верувам во сите, кои се предложени дека ќе ги следат овие насоки. Доаѓаат подобри времиња, за сите. За пензионерите, за земјоделците. Прва година линеарно зголемување на пензиите од 5000. Понатаму планираме да ги зголемуваме уште. Бизнис заедницата да дава поголеми приходи а со тоа и поголеми робусни капитални инвестиции“, порача мандатарот Мицкоски.