Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Апел за итни реформи што ќе обезбедат основни стандарди за квалитет во високото образование

Во срцето на Битола, во киното „Манаки“ се одржа возбудлива дебата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во срцето на Битола, во киното „Манаки“ се одржа возбудлива дебата на една од најрелевантните теми во високото образование: „Приватни наспроти државни универзитети“. Како дел од проектот „Зајакнување на вашиот потенцијал“, ценети професори, студенти и членови на локалната заедница се собраа да дебатираат за квалитетот во високообразовните институции во Република Македонија и предизвиците со кои се соочуваат тие.

Во ерата обележана со стремеж за квалитет во образованието, традиционалната поделба помеѓу приватните и државните универзитети е сè повеќе оспорувана. Учесниците на дебатата: проф. д-р Аце Миленковски, ректор на Универзитетот Скопје, проф. д-р Игор Неделковски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, Силвија Попчановска, постдипломец на БАС „Академија Смилевски“ и Борис Гушевски, студентски лидер на УСС УКЛО, навлегоа токму во ова клучно прашање и дискутираа за иновативните перспективи за иднината на високото образование.

Учесниците на дебатата се согласија дека приватните и државните универзитети се интегрални компоненти на еден ист образовен систем, чија соработка треба да биде насочена кон поттикнување на иновациите и подобрување на пристапноста, а со тоа кон подигање на стандардот на образованието во државата. Тие истакнаа дека наместо да се занимава со вештачките граници наметнати помеѓу приватните и државните универзитети, приоритетно прашање за општеството и за институциите треба да се биде квалитетното наспрема неквалитетно образование. Метриката за оценување на квалитетот е клучна за тоа секој студент да го добие калибарот на образование што го заслужува.

Реклама

На дебатата, учесниците особено истакнаа дека образованието не значи само пренесување знаење, туку и негување генерации способни и ангажирани граѓани. Ректорот Миленковски ја нагласи важноста од охрабрувањето и поттикнување на младите луѓе да го продолжат своето образование дома, но во средина што ќе го вреднува нивниот придонес и што ќе им овозможи активно да придонесуваат за напредокот и просперитетот на татковината и на нацијата.

На крајот на дебатата, учесниците упатија апел за итни системски реформи во високото образование чија приоритет ќе биде воспоставување основни стандарди за квалитет и повикаа на итна акција за да се надмине овој предизвик, а сѐ со цел да се обезбеди пристап за сите ученици до висококвалитетно образование.