Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Ивановска не смета дека го преспала дел од мандатот – ДКСК во нејзиниот мандат завршила 90% од отворените предмети

Поранешната потпретседателка на антикорупциска Билјана Ивановска не смета дека го преспала дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешната потпретседателка на антикорупциска Билјана Ивановска не смета дека го преспала дел од мандатот. Ден откако актуелниот состав на антикорупциска запре постапки против дваесетина функционери, кои не добиле прекршочни пријави заради непријавен имот оти прекршокот им застарел, Ивановска реагира ѝ се правда.

Во писмениот допис, Ивановска наведува дека високиот процент на недовршени предмети за имотна состојба се должел пред се на ограничените човечки капацитети во одделението за имотна состојба како и долготрајното обезбедување на потребната документација од надлежните институции поради отсуство на системско решение за проверка на имотната состојба, кое, инаку стана функционално во почетоткот на 2024 година.

Според Ивановска, комисијата во својот мандат, во периодот 2019– 2024, работејќи посветено, професионално и непристрасно отворила вкупно 5.079 предмети од кои близу 90% или 4.532 беа завршени.

Реклама

„Во одделението за имотна состојба беа отворени 1.309 предмети за навремено доставување анкетниот лист и проверка на имотна состојба (182 по пријава и 1.127 по сопствена иницијатива и по годишни планови) од кои 906 предмети или 69% беа завршени. Од вкупно наплатените средства од прекршоци, 5.399.306 денари приближно 4.100.000 денари или 76 % се однесуваат на наплатени средства од прекршоци за ненавремено или неточно доставен анкетен лист. Вкупно 547 предмети (10.7%) останаа да се довршат во мандатот на наредниот состав, од кои 74% или 403 предмети се од одделението за имотна состојба“, тврди Ивановска

Комисијата на своите седници донела одлуки за 906 предмети од имотна состојба, односно за сите кои биле доставени од одделението за имотна состојба со комплетирана поткрепувачка документацијата.