Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Македонците се коцкаат на големо, државна лотарија неприкосновена, се делат тендери на ангро

Граѓаните „коцкаат“ на големо, во Лотарија се делат тендери како „гратис “колачи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните „коцкаат“ на големо, во Лотарија се делат тендери како „гратис “колачи . Во Македонија минатата година се  „искоцкале“ 800 милиони. Компаниите кои се занимаваат со оваа дејност или 58 правни субјекти дебело го наполниле „ќесето “ и лани. Според најновиот извештај на Пари.мк, имале чиста  добивка од 70,4 милиони евра.  Податоците покажуваат дека најголем приход остварила компанијата ПРО- БЕТИНГ која со години е зациментирана на врвот од скоро 195 милиони евра, и е дури 33 проценти поголем отколку во 2022 година, но по остварена чиста добивка на прво место е државната видеолотарија „ Касинос Аустрија“. Тие се и на второ место по промет – собрале 90,1 милион евра, што е 11 проценти повеќе отколку во 2022 година.

Државната видеолотарија е трговско друштво под сопственост на Државна лотарија и Касинос Аустрија ДОО Скопје .

 Последно месецов Државна лотарија склучила договор за награди и организација на наградни игри и квизови за промоција на интернет платформа во вредост од  383,740 € на период од една година.  Како што стои на електронскиот систем за јавни набавки, Државната лотарија имала потреба за популаризација на интернет платформата „мегавин“ и за тоа ќе спроведе наградна игра. Целта е да се постигнел уште поголем број на играчи . Според предлог цените во договорот, за концепт за една наградна игра и квиз со еднократен надомест ќе се плаќа 2.439 евра ( 150 илјади), имплементација на концептот во пакет е 2.113 евра, а ќе се делат и високи месечни паушали во висина од 1800 – 2800 евра на пример за  организација и координација, за редовна работа која опфаќа и спроведување на одобрениот акциски план како и комуникација со учесници.

Реклама

Во Лотарија изминатиот период се набавуваа видеолотариски терминали за приредување игри на среќа по баснословни суми кои достигнуваа и над 11 милиони евра. Истата институција која  е предводена од Прпарим Бајрами, близок човек на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби склучи тендер со 19 годишен претрпиемач од Куманово, за слична набавка на машини за коцкање.  Државна лотарија го изнајми и деловниот простор од поранешниот ресторан „ Фестина “  во Визбегово за 21 илјада евра месечна и тоа за период од 10 години, или договор тежок 2,6 милиони евра со компанија блиска на ДУИ.