Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Паника во судско-обвинителските редови: Најавата за целосен ремонт на правосудството го рестресе кафезот

Судии и обвинители во блага паника од најавените реформи во правосудниот систем.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судии и обвинители во блага паника од најавените реформи во правосудниот систем. Експерти посочуваат дека само со темелни промени ќе се враќа довербата од граѓаните во институциите кои делат правда.

Да се ремонтираат клучните институции во правосудниот систем, судскиот и обвинителскиот совет и Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители со носење на нови закони во Собранието. Во вакви клучни институции мора транспаретноста да е на највисоко ниво и со нив да раководат луѓе со интегритет, вели поранешниот антикорупционер Ѓорги Сламков.

  • „Секогаш ќе очекувате реакции од оние кои се чуствуваат загрезени за своите позиции. Меѓутоа, овде не е прашање личното мислење, не станува збор за дали некој е на функција во одреден временски период, суштината е јавниот интерес. А јавниот интерес е владеењето на правото. Од тој аспект секако дека ќе има реакции…“ вели Сламков.

Потребни се судии со интегритет кои ќе овозможат да имаме професионално независно судство – предупредува и поранешната врховна судијка Вера Коцо.

Реклама

Добар дел од правната фела проблемот го лоцира во овие три институции. Побараа темелни реформи се неопходни уште во првите шест месеци по формирањето на владата.

  • „Гледате судскиот совет како рогови во вреќа, обвинителскиот совет па го нема никаде, непрепознатливи се, а тие треба да бидат стожерот, контролор, трета власта да биде.Треба комплет да се преиспита улогата и на судскиот совет и улогата на обвинителскот совет и улогата на академијата на судии, дали таа академија ги оствари очекувањата”, вели професор д-р Борче Давитковски.
  • „Очигледно е дека институциите не функционираат и штом не фукционираат, резултатот е тој  затоа треба да се направат коренити промени и во судство и во обвинителство”, вели пензионираниот професор Арсен Јаневски.

Новото парламентарно мнозинство најави реформи во однос на највисоките правосудни институции. Зголемување на критириумите за „истакнатите правници“ кои ги избира Собранието, но и ќе треба да презентираат програма за работа со точно утврдени индикатори за успешност. И партијата на идниот мандатар Мицкоски ќе бара максимална транспарентност во секој постапка и отчетност пред граѓаните.