Реклама
Македонија

Македонското здравство се распаѓа: доктори и сестри масовно ги напуштаат болниците

Јавното здравство останува без медицински кадар. Колапсот во здравствениот систем ја прели…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното здравство останува без медицински кадар. Колапсот во здравствениот систем ја прели чашата кај здравствените работници. ГОБ “8-ми Септември” за само една недела, ја напуштиле тројца доктори – анестезиолог, рентгенолог и лекар по трудова медицина, и уште седум искусни медицински сестри.

Тие велат дека пристисокот со обемна работа и ниските плати се главните причини за нивното заминување.Среќата за подобра иднина ја гледаат надвор од Македонија или во приватните болници. Здравствените работници кои што уште работат во оваа установа велат дека во болницата владее тотално безредие…особено сега, кога товарот врз болницата е огромен.

Директорот Хирстијан Костов Признава дека има проблем со одливот на лекари, но според него болницата се уште имало доволно кадар.

Реклама

“Познато е дека средно медицинскиот персонал лесно и често го напуштаат јавното здравство…тој е еден динамичен процес, во колку голем дел ја напуштаат државата и одат во болниците во Германија.Доктори нема некоја бројка голема кои се заминуваат.Може да има некој поединечно, секој си бара подобро место за работа.Некоја поголема бројка што ја напуштиле болницата нема ” – вели Христијан Костов, директор на ГОБ “8-ми Септември”.

Но, освен лекари Македонија подолго време се соочува и со одлив и на медицински сестри и останат здравствен кадар. Речиси во секоја болница има двојно помалку сестри од потребните за нормално функционирање.

Загрижувачки се и податоците на македонското лекарско друштво. Ако во 90-тите години во земјава имало 18.000 доктори, сега тој број е помал од 7.000. Состојбата станува алармнантна бидејќи миграцијата продолжува и секоја година во странство заминуваат по над 250 општи лекари и специјалисти.

Незадоволни токму од платите неодамна пред министертвото протестираа и приватните специјализанти, тие работат и дежураат за 26.000 денари плата, без здравствено и пензиско осигурување.