Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Се отвора патот за реоорганизација на извршната власт

Првиот чекор за законските измени за реорганизација на владините ресори направен. Формирани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот чекор за законските измени за реорганизација на владините ресори направен. Формирани се Комисијата за политички систем како матична комисија каде измените се очекува наскоро да влезат во процедура и Законодавно правната комисија.

 Со политички систем ќе раководи пратеникот Љупчо Пренџов, а негов заменик е Јован Јаулески. На чело на законодавно-правната комисија пак, застанува Александар Велјановски, а негов заменик е Бобан Николовски од истата коалиција.

Со ова се отвора патот за формирање две нови министерства и реорганизација на дел од постоечките.

Реклама

Инаку Комисијата за избори и именувања ги прифати барањата за апанажа на 29 пратеници од минатиот состав. Претседателот на Комисијата,  Ѓорѓија Сајкоски информираше дека се поднесени  и други барања што се разгледуваат.

Апанажата е во висина на платата на пратениците и ја исплаќа Собранието, а вкупно 57 народни избраници од минатиот состав имаат право на апанажа бидејќи не се дел од новиот. Рокот за поднесување вакво барање е 30 дена, од денот на верифицирање на мандатите.

Сајкоски потпиша и барање за престанок на апанажата на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој стана пратеник, и за поранешната претседателка на Комисијата за спречување дискриминација, Весна Бендевска, која исто така влезе во Собранието. Комисијата го  прифати и барањето на поранешниот претседател Стево Пендаровски за мирување на правото на пензија.