Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

На Скопје му треба генералка – улица „Македонија“ запуштена како никогаш до сега

Неискосена трева, расфрлани алишта, бездомници, отпушоци и смет. Ова е сликата од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неискосена трева, расфрлани алишта, бездомници, отпушоци и смет. Ова е сликата од срцето на главниот град, улицата Македонија. На ова место со безвремено име, главната туристичка дестинација во Скопје, дури и да сакате да ги фрлите своите отпадоци во канта, совеста може повтороно не ви е мирна, бидејќи голем дел од кантите се искршени и отпадот повторно ќе заврши на земја.

Помеѓу првите нешта што може да се забележат на самиот почеток на улица Македонија е големиот застој во сообраќајот, како и силната реа која доаѓа од шахтите.

За минувачите тука не е потребно многу време за да се најдат во невоља. Плочки кои повеќе наликуваат на калдрмата која претходеше, чекаат само на мала небрежност за некој да се сопне и да се повреди или барем да се посрамоти на раздвижената улица. Дури и оние претпазливите не можат да бидат сигурни кога е дождливо, бидејќи со еден погрешен чекор, водата која се собира под плочките може лесно да заврши на нечиј алишта.

Реклама

Улицата Македонија изобилува и со тараби со кои се ги кријат недовршените објекти од проектот Скопје 2014-та, а служат и како слободен простор за постери и уличен вандализам. Ги кријат објектите без фасада, оставени во заборав поради политички агенди.

Можеби најдобар пример за тоа, кој е односот кон туризмот во главниот град е инфоррмативниот центар, кој обрасант во трева и заборавен, потсетува на подобри времиња за Скопје. Ако туристите сакаат да дознаат што се може да видат во градот, веројатно ќе мора да платат водич, бидејќи покрај центарот, искршени и исчкратни се и таблите со информативни карти.

Граѓаните се незадоволни и вината ја гледаат кај локалната власт и Градоначалничката Арсовска.

Сликата за главниот град се гледа и во навидум незабележливи детали. Како канделабрите од кои често висат жици, а кои може да претставуваат сериозна закана за безбедноста на минувачите. Бизарната глетка од нераскитените новогодишни реквизити, кои висат на расцветани дрвја, но и големиот број затворени дуќани на кои не им тргнало од рака.

Порано тука можеше да се видат високи фонтани и жални врби кои требаше да го красат коритото на Вардар. Но, негрижата на локалната власт ја промени сликата за овој дел од градот

За разлика од Скопје, речиси сите гол

еми европски градови, на главната пешачка улица имаат познати модни брендови и ексклузивни ресторани и кафулиња. Кај нас, има само неколку места каде може да се седне и да се одмори. Можеби единстеното позитивно се уличните уметници кои гордо ги презентираат своите дела пред скопјани и пред туристите.