Реклама
Македонија

Џафери и Демири во две фотељи и со две плати

Талат Џафери за овој месец ќе си земе две плати –и премиерска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Талат Џафери за овој месец ќе си земе две плати –и премиерска и пратеничката. Уставот и законите очигледно не важат за секого исто.

За неспојливоста на функцијата пратеник со било која друга јавна функција реагираат професори по уставно право и антикорупциска, но тоа не допира до Џафери. Тој ќе си биде и пратеник и технички премиер додека не се избере новата влада.

Остра реакција стигна од универзитетскиот професор Денис Прешова. Бара од институциите веднаш да реагираат и законите да важат подеднакво за сите. Коментирајќи дека менталниот склоп на Џафери всушност е неспојлив со владеење на правото.

Реклама

Одново дотичната особа сака да ни продаде самоволие и силеџиство како правно толкување како и во редица на претходни ситуации како на пример со изборот, вонредната состојба, гласањето за недоверба, ветото и слично. Лажно претставувајќи ни се како некаков врвен правен авторитет и величина, тој всушност во крајно арогантен манир ни укажува дека нема што институциите да постапуваат и да ги применуваат правилата бидејќи правно правило е она што Талат ќе ви каже. Во типично војнички манир – наређење, извршење – ни долови дека неговиот ментален склоп всушност е неспојлив со демократија, парламентаризам и владеење на правото, исто како што пратеничката функција е неспојлива со функцијата претседател на Владата, порача професорот Прешова.

Од Владата велат дека остануваат на ставот кој Џафери го искажа на конститутивната седница – дека немало да учествува во работата на Собранието додека му трае мандатот во техничката Влада. Според Прешова, ова е скандалозно, бидејќи можеби утре на Џафери ќе му текне дека сака да биде претседател па ќе потпишува укази на закони, или пак ќе си се прогласи за претседател на Уставен суд – земајќи го предвид неговото самоволие.

И антикорупциска ги потсети избраните функционери на уставните и законски начела.

Непочитувањето обврските и забраните повлекува последица за престанок на мандатот на избраните функционери, согласно Законот за собрание, за пратеници, Изборниот законик. Потсетуваме дека избрано или именувано лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција која ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите, предупреди ДКСК.

И министерот за здравство, како Џафери, не се повлече од функцијата, а доби пратеничко столче.. Илир Демири во краток телефонски разоговор прашан дали ќе се повлече од една од функциите, тој рече дека не правел ништо незаконски.

Не правам ништо незаконски. Како што е законот така ќе постапувам, изјави Демири кратко во телефонски разговор.

Од функциите во Владата се повлекоа Благој Бочварски, Бисера Костадиновска Стојчевска и Славјанка Петровска, со нивните сектори сега раководат замениците.

Со усвојувањето на пржинската влада, стана пракса секој како сака да ги толкува Уставот и законите кога е дел од техничката извршна власт власт, а истовремено станува и народен избраник. Проблемите кои произлегоа по Пржино се поизвесно е дека нема да содаваат главоболка на правниците на следните изборни циклуси, со оглед на највите од победничката партија,  кои се во насока на укинување на техничката влада.