Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Обвинение против четири лица за свирепите убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со штрафцигер ја отвориле вратата од влезот на зградата и кога Вања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со штрафцигер ја отвориле вратата од влезот на зградата и кога Вања Ѓорчевска излегла од лифтот и се заканиле дека ако вика ќе пукаат – ја совладале, ја врзале, ја ставиле во вреќа за спиење со подотворен патент и со автомобил ја однеле во близина на местото викано “Дупки”, во атарот на селото Бразда. Со умисла и на свиреп начин ја убиле со пиштол и го закопале телото во претходно ископана дупка. Потоа на нива покрај земјен пат го запалиле автомобилот, со бензин кој го набавил еден од обвинетите –„Цитроенот” кој припаѓал на Панче Жежовски. Велешанецот бил убиен пет дена претходно. На 22.11.2023, заеднички извршиле грабнување на Жежовски, за  му го земат автомобилот кој подоцна го искористиле за грабнување на Вања. Физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано “Рудник” во околината на Велес, каде на свиреп начин го убиле со пиштол.

Ова е официјалната верзија за свирепите убиства содржана во обвинението против четворица кое веќе е доставено до Кривичниот суд. Тројца од нив, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев, се гонат за грабнување и убиство, а таткото на Вања, Александар, е обвинет дека им помогнал, со тоа што им дал информации кога неговата неговата ќерка ќе излезе од дома. Првоосомничениот Љупчо Палевски не е опфатен со обвинението бидејќи истрагата за него е во тек.

Како соизвршители, заедно со уште едно осомничено лице за кое истрагата за исти кривични дела е во тек, испланирале грабнување на 14-годишното дете Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп… Откако претходно обвинетиот татко на оштетеното дете, преку првоосомничениот дал упатства за времето кога девојчето ќе излезе само за да оди на училиште, тројцата сега обвинети дошле пред влезот на зградата каде живее оштетеното дете, стои во обвинението.

Реклама

Обвинителството побара продолжување на притворот на Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев и на куќниот притвор на Александар Ѓорчевски.

Обвинителниот акт се темели на вербални и материјални докази во однос на дејствијата на обвинетите, но со оглед на тоа што постапката против првоосомничениот кој неодамна беше екстрадиран од Република Турција продолжува, јавното обвинителство не е во можност да споделува детали во однос на доказниот материјал – стои во обвинението.

Постапката продолжува и против Стефан Димковски, кој е осомничен дека му помогнал на Палевски да избега – односно го возел од Србија до Турција. За него на сила се само, претходно определените, мерки на претпазливост, откако помина еден месец во истражниот затвор во Шутка.