Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Предупредувачки протест на стопанствениците од Визбегово за асфалтната база која се копа во индустриската зона

Стопанствениците во индустриската зона во Визбегово излегоа на протест. Револтот кулминираше бидејќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стопанствениците во индустриската зона во Визбегово излегоа на протест. Револтот кулминираше бидејќи општината Чучер – Сандево, на крајот на март, му дозволила на бизнисмен – сопственик на фирма, да гради асфалтна база – односно да ископа дупка во реонот, во која ќе складира асфалт. Околните стопанственици се гневни и велат долго време предупредувале дека евентуалната асфалтна база опасна по здравјето оти со тек на време станува фактор за разни болести – канцер, неплодност, пулмолошки заболувања, органски и неоргански испарувања, а особено затоа што загадува со P2, P5 И P10 честички.

  • „Се изнаслушавме глупости од некои консултанти кои работат за нив, голем дел од нив не знаат колкава е штета на топење и опрашување. Не сакаа да ги слушнат нашите објаснува и не сакаа да се консултираат со Градежен факултет“рече Филип Спасовски – Градежен инженер.

Алармираат дека Министерството за животна средина и просторно планирање, не смее да ја издаде интегрираната дозвола А со која практично целосно ќе му се одврзат рацете на инвеститорот, слободно да си гради.

  • „Локацијата апсолутно не одговара, на 5 илјади м2 да се обидувате да сместите асвалтна база, каде што знаете дека експлоатација на тоа значи тешка механизација и тешки камиони, што значи дека оваа инфраструктура е изградена од сопствениците и да дојдете да ги загадувате “ рече Таип Јакупи – Здружение на индустриска зона Визбегово.

Алфа побара став и од сопственикот на „Топ Билд“, фирмата која ја гради асфалтната база. Од таму велат дека согласно сите законски прописи за градба, кои вклучуваат и заштита на животната средина, компанијата „Топ Билд“с прибавила правосилно одобрение за градба. Денешниот протест кој ги попречил во работењето, го пријавиле во полицијата.

Реклама
  • „Денешните настани кои го ограничија нашиот пристап до локацијата за која имаме правосилно одобрение за градба предизвикуваат огромни штети за нас како инвеститори, а со тоа се предизвикува и слабеење на националната економија. Компанијата Топ Билд во последно време е мета на црна кампања во која одредени субјекти се служат со манипулативни информации, а овие денешни активности се кулминација на истата“ велат од компанијата.

Во истовреме, стопанствениците ќе продолжат со протести се додека не се стопира или премести градењето на асфалтната база. Дури имаат и предлог за дислокација, со цел да не биде оштетен и инвеститорот.