Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Алфа екслузивно: Каде осомничениот убиец Палевски ги поминува деновите во притвор во Шутка?

Истите одговори на новинарските прашања, Љупчо Палевски Палчо му ги кажал и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Истите одговори на новинарските прашања, Љупчо Палевски Палчо му ги кажал и на судијата на претходна постапка од Скопскиот кривичен суд. Негира вина за двојото убиство, нема да се брани со молчење и има докази за неговата невиност.

За тоа му беше доволно околу еден час колку и се задржа, па повторно беше вратен назад во самица. Палевски откако беше ескрадиран од Турција, заврши во ќелија на Истражниот затвор Скопје. Сместен во одделот за притвореници од висок безбедносен ризик. Таму се и неговите осомничени помагачи но со нив нема контакт. Сам е во четири ѕида и еден висок прозорец со решетки. Досега не се жалел на здраствени проблеми и немал посебни барања. Под посебни протоколи поминува дури и храната која ја јаде три пати во денот, а поминува само еден час да прошета во кругот на затворот.  

  • Освен четирите ѕида од својата ќелија, Љупчо Палевски Палчо, првоосмничениот за двојното убиство, ги гледа и овие четири ѕида, од отворениот дел за прошетка во централниот дел во Истражниот затвор Скопје.

Палчо со кратки одговори рече и дека нема да се брани со молчење и дека има докази за неговата невиност. Но, не одговори каде бил на денот на убиството на Вања на 27 ноември, минатата година.

Реклама

„Не бев во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, рече Палевски пред Кривичниот суд. 

Обвинителството по повеќе од пет месеци од убиствот, ја финишира истрагата за Палевски – осомничен за креација и реализација на двојното убиство. 

За разлика од неговата, за помагачите кој се во Шутка се од самото откривање на грозоморното убиство, тече рокот од 15 дена за увид во документацијата на обвинителството и предлог на нивни докази.  

Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски се товарат за помагање, грабнување и две убиства на свиреп начин.

Осомничен е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, за кого обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска  тврди дека дал информација за траекторијата и времето на движење на неговата ќерка. Осомничен е и шоферот на Палчо, од Белград до Турција, Стефан Димовски кој помина еден месец зад решетки.

„Веќе го возев, на болница“ ни одговори кратко пред Судот, Стефан Димовски.

Останува и адвокатот Алимир Алиспахиќ по службена должност да го брани Палевски, бидејќи тимот адвокати кој што тој ги бараше не прифатија да ги бранат во судската постапка.