Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Скопје го виде краткиот филм „Прошетка“ на Елеонора Венинова

Во новоотвореното кино „Киноверзум“ во Кисела Вода се одржа македонска премиера на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во новоотвореното кино „Киноверзум“ во Кисела Вода се одржа македонска премиера на краткиот филм „Прошетка“ на режисерката и сценаристка Елеонора Венинова.

На премиерата, членовите од екипата зборуваа за текот на снимањето и за предизвиците на снимање на филм во еден кадар.

-Среќна сум што две години после снимањето и учествата на меѓународни фестивали конечно може да го споделиме филмот со македонската публика. Работев со прекрасна екипа во текот на три исцрпувачки, но забавни денови во кои направивме филм кој во еден непрекинат кадар раскажува приказна за мало девојче кое низ разговор со непозната жена се обидува да открие што се случило со нејзината баба. Воедно бев и продуцент на филмот, така што ова беше едно навистина поинакво искуство, посочи на премиерата Венинова.

Реклама

Главните улоги ги толкуваат Билјана Драгичевиќ Пројковска и младата Надиа Кирковска, директор на фотографија е етаблираниот македонски кинематографер Фејми Даут, а филмот го продуцира Венинова заедно со Гоце Кралевски преку продукцијата „Три точки“.

-Ваквите ликови се најтешки за игра бидејќи секој од нас има свое видување за тоа што значи, како се доживува и интерпретира лик од другата реалност. Предизвикот е голем затоа што преку личното треба да се стигне до општото, да се доближи интимната слика до генералното чувство. Во ова патување пресудна беше играта во играта, преку која со прекрасната режисерка Елеонора и малата талентирана Надиа стигнавме до посакуваното видување, преку ова заедничко патување, заедничка игра меѓу видливото и невидливото, посочи главната глумица Билјана Драгичевиќ Пројковска.

Ова беше прво прикажување на краткометражниот филм во земјава по светската премиера на престижниот Фестивал за краток филм во Леувен, Белгија. После овој фестивал „Прошетка“ ја имаше американската премиера на фестивалот СЕЕФест во Лос Анџелес, а се прикажа и во Шпанија на Интернационалниот фестивал во Паленсија, на сите во официјална конкуренција.

Сценографијата е на Александра Петкова, костимографка е Жаклина Крстевска, шминката е на Ирена Сенокозлиоска, камера оператор и колорист е Ѓорѓи Клинчаров, дизајнер на звук Дарко Спасовски, монтажер Гоце Кралевски, а композиторка на музиката е Мартина Силјановска. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм, во продукција на Три точки и во соработка со ДНФ Филм и Вардар Филм.