Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Исмаил Јахоски и Фатмире Исаки од Коалицијата на ДУИ можат да го изгубат пратеничкото столче

Исмаил Јахоски, познат како „Пуцко Петрол„ од ДУИ и Фатмире Исаки од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Исмаил Јахоски, познат како „Пуцко Петрол„ од ДУИ и Фатмире Исаки од ДПА, инаку двајцата дел од Европскиот фронт може да ги изгубат пратеничките мандати. Нивните места висат доколку на зад-утрешното прегласување во петтата и шестата изборна единица се добијат различни резултати од предходните. Местото на Јахоски може да премине кај Лазе Јакимовски од ВМРО-ДПМНЕ, или кај Боби Мојсоски од ЛДП, кој е дел од коалцијата на СДСМ. Местотто на Исаки, во шесттата изборна единица пак, може да отиде кај Имрилие Фетаи-Салиу од Вреди. Но, во шестката мандатот може да го добие и Ердоган Сарач кој е на листата на ВМРО-ДПМНЕ како кандидат од Движењето за национално единство на Турците во земјава.

Доколку додјде до промена на мандатите ВМРО-ДПМНЕ од 58 може да стигне до 59 или 60 пратенички места, а коалицијата „вреди„ од 13 да скокне на 14, а ДУИ да падне за две места – од 19, на 17.

Поранешниот претседател на ДИК Александар Новаковски објаснува дека пресметката по Донотовиот модел ќе покаже дали прегласувањето ќе предизвика зголемување на бројот на мандати или само размена.

Реклама

Според Донтовата метода очигледно дека ќе влијае на распределба на мандатите, може да се случи една коалиција да изгуби а друга да добие. теоретск ппостојат шанси за два мандати во петтата изборна единица, вели Новаковски.

Во Желино кое е дел од шестата изборна единица, каде што се запишани 992 избирачи, на изборите на 8 мај гласале 479 луѓе. Најмногу гласови од нив „легнале“ на сметка на коалицијата Вреди, вкупно 332, додека коалицијата преводена од ДУИ освоила 134 гласа, а СДСМ само 4. Во Желино се бара прегласување затоа што 110 гласачи не гласале со проверка на отпечаток од прст во фингер принт уредот, туку само со проверка на матичниот број и скенирање на личната карта. Овде спроед Новаковски, шансите за промена на еден пратенички мандат се големи,“ објаснува Новаковски.

Зборуваме по симулација, ако се земе предвид, кај кого може да оди мандатот при распределба, на прегласување, постојат шанси мандатот да го добие Вреди, вели Новаковски.

Одлуката за прегласување ја донесе Државната изборна комисија откако Управниот суд ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на ДИК. Поради ваквата одлука на Управниот суд и на ДИК,  ДУИ обвини дека се прави изборен инженеринг со цел на партијата да и се одземат две освоени пратенички места.

Предизборниот молк во пресрет на прегласувањето во среда започнува вечерва на полноќ.