Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Клековски: Отсуството на Пендаровски на инаугурација на Силјановска Давкова е за секаква критика

Во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ гостуваше членот на ИК…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ гостуваше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски кој што го осуди отсуството на поранешниот претседател Стево Пендаровски на инаугурацијата на Гордана Силјановска Давкова.

„Една битна разлика во нашето општество и нашата држава, кога губиме го губиме спортскиот дух и не можеме да прифатиме пораз а не прифаќањето на пораз понатаму води до непромислени потези. Отсуството на поранешниот претседател Стево Пендаровски е за секоја критика, негова и наша одлика е да го почитуваме чинот на избор и институцијата претседател на Републиката“ кажа Клековски.

Клековски во однос на состојбата во СДСМ по поразот истакна дека очекува Димитар Ковачевски да се повлече.

Реклама

„Не би сакал да коментирам развој во СДСМ во овој момент меѓутоа од мое лично искуство претседатели на партија однадвор тешко се вкоренуваат. Генерално еден од проблемите на Димитар Ковачевски е што неговиот стаж во самата партија со тоа неговиот социјален капитал во самата партија беше тенок. Бидејќи тој беше експресно промовиран во новата функција. Претседател на партија е некој што треба да има одредено партиско искуство, да е присутен во партијата, да учествува во работата на различни партиски тела, така да моето очекување е дека ќе се повлече“ истакна Клековски.

Во однос на говорот при инаугурацијата на Силјановска, Клековски истакна дека имала одличен говор во секој поглед и сите теми кои се суштествено важни за Македонија.

„Гордана Силјановска Давкова имаше еден нов невообичаен пристап во обраќањето во Собранието, за мене беше тој свеж, поинаков, беше многу добар, одличен пристап од сите можни елементи кои заслужуваат целосна поддршка, како претседателка на сите, и на лево и на десно,  како поддршка на систем на заслуги, мерит систем, владеење на правото, како родова еднаквост, или жени на врвни позиции во политиката ниту еден од овие делови не наиде на коментар а сите се суштествено важни за Македонија“ нагласи Клековски.