Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Стоп за прекумерна урбанизација и загадување на Охридското Езеро

Стоп за прекумерната урбанизација на крајбрежјето и загадување на Охридското езеро со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стоп за прекумерната урбанизација на крајбрежјето и загадување на Охридското езеро со отпадни води-доколку под итно не се превземат мерки, за помалку од една деценија ќе нема спас за едно од 12-те најстари езера во светот,а тоа е Охридското,алармираат врвни домашни и странски природонаучници.

” Големата урбанизација, значи тоа е еден од клучните проблеми на Охридското езеро и недостатокот на правилен менаџмент на отпадните води дали се тоа комунални или индустриски. Значи ако продолжиме со вакво темпо на загрозување на езерото, некои проценки се дека за 10-тина години би можеле да очекуваме постепено исчезнување на одредени видови” –вели проф. Златко Левков-Природно математички факултет, Скопје

Со исчезнувањето на ендемичните растителни и животински видови, состојбата на Охридското езеро ќе стане драматична.Негрижата на државата со децении наназад е недозвлива и погубна за овој значаен екосистем.

Реклама

 “Државата треба да има јасна визија и јаснo поставени граници кои не смеат да се преминат зошто тоа ќе доведе до  уништување на Охридското езеро, живиот свет во него и целата околина”-вели проф. Марија Глигора Удовиќ – Природно-математички факултет,Загреб

Стареењето на езерата е природен прцес,но несовесно однесување на човекот и запоставеноста на државата ќе го докрајчат едно од најзачајните екосистеми во светски рамки.

 “Секое природно езеро поминува низ сукцесивен процес и секое езеро во одреден период ќе се претвори во ливада.Тоа е тешко да се прифати,но човекот го забрзува тој процес.Од друга страна секоја држава треба да ги заштити своите водни екоситеми кои се значаен извор за целата човечка популација” – вели проф.Јелена Кризманиќ, Биолошки факултет-Белград

За да не садиме пиперки, намето да пливаме во езерото, двете држави и Македонија и Албанија мора да соработуваат со научниците и сериозно да ги сфати препораките на Унеско и да се спротивстават на секоја сулуда идеја како онаа за организирање на трка со формули на вода на Охридското езери,укажуваат нашите соговорници.  

Новинар Росица Голабоска 

Снимател,монтажа Златко Маневски