Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Велигден во Охрид – бројни верници ги наполнија храмовите

Велигденски блесок во Центарот на православието-Охрид.На седум милениумскиот град кој што секогаш…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Велигденски блесок во Центарот на православието-Охрид.На седум милениумскиот град кој што секогаш знаелширум да ги отвори портите за сите оние кои што сакаат веста за Христовото Воскресение да ја дочекаат тука, му се восхитуваа бројни туристи од соседството како и странци,кои знаат да ги впијат убавините на тивкиот, спокоен Охрид.

“ Блиску е,поволно е, убаво ни е.Силни беа влечатоците на нашите пријатели кои биле овде и логично беше да дојдеме. Без размислување одлучивме за Велигден да бидеме во Охрид;- Прв пат сме овде, ќе останеме три дена.Убаво туристичко место, има што да се види.Има многу манастири,планираме се’  да посетиме,желба ми да одиме во Свети Наум; -Прв пат сме овде со дел од семејството и убаво ни е.Од секогаш имавме желба да го посетиме Охрид.Поминуваме низ Македонија патувајќи кон Грција и навистина сакавме да свратиме со Охрид. Градот е чудесен полн со историја и културни знаменитости”

И додека градот кај странците буди продуховени чувства, македонците зовреа- за најголемиот христијански празник никаде не ги собира,вапцувањето јајца и празнувањето во кругот на семејството го заменија со уживање во што подалечни земји и луксузни патувања.

Реклама

Туристичките работници сепак се задоволни од посетеноста.Иако како што велат Велигдене празник на радоста и среќата, но и вистинска можност целото семејство да се собере на заедничка трпеза.

”Искрено да ви кажам јас сама си наместив да бидам за велигденските празници слободна,иначе имав понуди меѓутоа јас одбрав да бидам слободна, сепак е фамилијарен,семеен празник така да тоа е мојата одлука.Инаку има многу гости” – вели Даниела Сакова,туристички водич

Божјите храмови ги отворија ширум портите за верниците кои од раните утрински часови доаѓаат да запалат свеќа.

-“За здравје, за среќа и напредија,ова е најголем празник за христијанството, посебно за православните.Фала му на Бога што сме на нозе,ние сме во години.Да се здрави и живи младите;- Си се осеќам убаво растеретено,на душава ми е убаво како некој терет од плеќите да ми се трга.Убаво се се осеќам среќно.За многу години,да поможи на сите; -Во Грција за Велигден сме секогаш дома,годинава сме во Охрид, сакавме да ги видиме црквите во овој импресивен град”

 “Црквата е токму тоа,вистинско прибежиште и спасение и едноставно со спокој и со мир внатре суштински во душата,на сите предизвици јасно ќе одговориме, ќе се бориме нема да се предаваме”-вели Дичме Азески,свештеник.

Градот живее во духот на големиот христијански празник Велигден. Гратскиот плоштад е украсен со велигденски дрвца со шарени јајца.

Росица Голабоска