Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

„Европски фронт“ нема да поддржи ниту еден од претседателските кандидати, „Вреди“ немало да даваат насоки за гласачите

Некогаш консензуалниот кандидат за претседател на оската СДСМ-ДУИ, остана осамен. Стево Пендаровски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Некогаш консензуалниот кандидат за претседател на оската СДСМ-ДУИ, остана осамен. Стево Пендаровски во трката за втор мандат нема поддршка од интегративците и нивната коалиција „Европски фронт“ – го оставија на цедило верниот партнер. Водржаноста на ДУИ и одлуката да не поддржат никого доаѓа во време кога опозицијата алармира дека се спрема сценарио за бојкот. Коалицијата предводена на Али Ахмети имала доволно демократско искуство, да ги остават гласачите сами да си одлучат за кој број ќе го заокружат на претседателските избори.

„Ќе ги повикаме сите граѓани да учествуваат во изборниот процес, и да одлучуваат според нивните оценки и нивните приоритети. Имаме демократско искуство и верувам дека сите граѓани ќе можат да ги препознаат своите приоритети меѓу кандидатите, кој од кандидатите во вториот круг ќе ги исполни нивните очекувања“ рече Илми Азири од Европски фронт.

И коалицијата на здружената албанска опозиција стои на страна. Немало да им даваат насоки на гласачите кој од двајцата кандидати да поддржат бидејќи тоа било нивно избирачко демократско право. За нив е чудно што ДУИ сепак го оставиле Стево Пендаровски, како што велат, сам во калта.

Реклама

Цело време не убедуваа дека Пендаровски е најдобар претседател, најдобра опција, беше заеднички кандидат, а сега го оставија во калта. Што се однесува до гласовите, ние ги немаме во џеб гласовите, нашите гласови не се купени како оние на ДУИ и затоа е тешко да се насочат гласачите за кого да дадат поддршка во вториот круг – рече Меџити од „Вреди“.

Лидерите од Вреди обвинија и дека ДУИ во страв од пораз на изборите сакале да предизвикаат политичка криза. Според нивните тврдења Али Ахмети се јавувал по општински организации и повикувал на бојкот на вториот круг од претседателските избори.