Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Само политичка опција од која тој е дел, може да понуди Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само политичка опција од која тој е дел, може да понуди Македонија да биде пристојно место за живеење, затоа што изминативе години, некој пат со мали чекори, но сепак одевме напред, истакна денеска кандидатот за претседател, Стево Пендаровски пред граѓаните на населеното место Велебрдо.

Според Пендаровски, опозициската партија со себе носи опасност да ја врати државата назад во времињата на поделби, тензии и дискриминации.

Реклама

„Од страна на опозицијата претстои опасност, Македонија да се враќа назад, а таа опасност е уште пореална, затоа што гледаме дека се здружуваат луѓе кои имаат други планови за државата. Не зборувам за нова војна, зборувам за квалитет на живот. За жал, овие што сега сакаат да дојдат на власт, се истите од пред седум – осум години, а сите знаете дека во тој случај, шанси за вработување шанси за напредување во кариерите ќе има само за нивни членови. Тогаш во државата имаше две категории граѓани, нивни членови и сите останати. А јас отсекогаш сум тврдел, дури и кога не сум бил во политика, дека или ќе бидеме сите рамноправни или нема да има среќа за никого“, рече Пендаровски.

Пред присутните посочи дека во изминатите години и тој и другите членови од власта покажале, низ примери, што значи вистинска грижа за сите граѓани, без разлика каква била нивната определба.

„Никој не бил дискриминиран по ниту еден основ, ниту од мене ниту од кој било друг, премиер, министер, градоначалник. Во нивно време беше поинаку и сега сакаат да ја вратат таа стара политика. Затоа ве повикувам, на 8 мај повторно со заокружување на бројот еден, да ја потврдите победата од првиот круг во ова населено место, а потоа и да ја донесеме победата во целата држава“, рече Пендаровски.