Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Анализа: СДСМ со истата кампања нема да дојде до подобар резултат, ВМРО-ДПМНЕ нема потреба да менува ништо

Со главно познатиот наратив продолжува предизборната кампања, по првиот круг претседателски избори.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со главно познатиот наратив продолжува предизборната кампања, по првиот круг претседателски избори. Дел од аналитичарите децидни дека политичките партии немаат простор и време многу да менуваат во својата реторика бидејќи стратегиите им се порано испланирани иако повеќето од нив се покажаа како неуспешни по изборниот ден.

СДСМ ги користи старите пораки дека само тие нудат евроинтегратиција на Македонија, додека ВМРО-ДПМНЕ со однапред добро испланирана стратегија  доби двојно повеќе гласови од социјалдемократите, па оттука и нема потреба за големи промени во предизборните настапи.

  • Имаме одлив на гласачко тело, а тоа е резултат на недобро осмислената стратегија. Не ги земаа предвид резултатите од локалните избори кои што требаше да биде голема поука за нив како партија, и од друга страна дозволија да бидат во коалиција со ДУИ, што се покажа дека тие се губитници од таа коалиција. Сега и да сакаат не можат да ја сменат стратегијата. Од друга страна, стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е јасна уште од самиот почеток, тие ја подготвуваа после локалните избори, со постојано откривање на афери за корупција и криминал..Мислам дека нема да се откажат од таа кампања бидејќи привлегоа гласачи без разлика на етничката припадност“ вели Јован Донев – поранашен амбасадор.

Европскиот фрон со соочи со пад на рејтингот, а на контото на Бујар Османи се видоа тие 20 илјади гласови од помалите коалициони партнери на ДУИ. Од друга страна, за прв пат имаат сериозен противник – Коалицијата „Вреди“. 

Реклама
  • Реториката е иста, со тоа што тие(ДУИ) се жал во дефанзива во однос на ВМРО-ДПМНЕ, и изјавите што беа од претходно против Мицкоски, покажуваа напад за одбрана, отколку напад за напад, и потоа тоа што се случи, со „УЧК,УЧК“ јасно укажува дека тие играат само на албанскиот национализам, во моменти кога нивниот рејтинг паѓа. Таму и да сакаат нешто да сменат, не можат, лоша е направена (стратегијата) меѓутоа немаат друг избор исто како и СДСМ“ вели Јован Донев – поранешен амбасадор.  

Другите политички партии, условно наречени помали, немаат јасен концепт на кое гласачко тело се фокусираат и лутаат во предизборните ветувања. Донев тука ги издвојува Левица и Движењето ЗНАМ, кои знаат точно на кој елетроратот му се обраќаат, а тоа се виде по првиот круг претседателски избори.