Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

ДРЖАВАТА ГО ЗАБОРАВИ ЛЕО, ФЗОМ НЕ ЈА ПЛАЌА ФАКТУРАТА ОД 140.000 ЕВРА

Лажна надеж и празни ветувања, тоа е се што доби од државата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лажна надеж и празни ветувања, тоа е се што доби од државата младиот, Леонид Индов. Веќе два месеци неговото семејство чека повик од Министерството за здраво, за да се најде начин како да се покријат досегашните трошоци за неговото лекување. Ова беше одлука на Владата, но се чини дека била донесена само за да се замолкнe јавноста, која бурно реагираше оти државата не ја покри рехабилитација и лекувањето на младото момче.

“МЗ не плати и фонд за здраство не одговори. Јас знам дека се избори, но светот не застанал. Ако не плати МЗ како што Министерот вети јавно дали треба да го враќам назад Леонид? “- прашува таткото на Лео.

Министерот за здравство Илир Демири на денешната прес конференија рече дека утре ќе провери до каде е постапката.

Реклама

Од Фондот пак велат дека второстепената комисија одлучила да се бараат дополнителни понуди за дијафрагмален дтимулатор.

Во моментот се чекаат понуди и од други здравствени установи во странство со кои Фондот соработува бидејќи одговорот од центарот во Австрија каде што престојува осигуреникот не соодвествува со барањето од Фондот.  Наредната седница на Второстепената комисија се очекува да биде следната недела кога ќе биде во полн состав, ни одговорија од Фондот.

Младиот Леонид кој мината година доживеа несреќа во Грција и се здоби со сериозна повреда на рбетот, беше искористен само за промотивна кампања и показна вежба дека и Македонија има медикоптер кој може да се користи за итни случаеви. Со помпа беше испратен во Виена, а подоцна оставен неговото семејство од сопствен џеб да го покрие трошоците за лекувањето. Тогаш екс министерот Оливер Спасовски на социјалните мрежи се пофали дека во ноември го промовирале хеликоптерот на МВР со медицинска опрема, а три месеци подоцна сите биле сведоци на капацитетите на МВР и историската можност за прв пат во државата да се реализира меѓународен транспорт на пациент.

Леонид Индов беше испратен во Виена од страна на директорот на ГОБ 8-ми Септември Д-р Христијан Косотв, директорот на БЈБ Сашо Тасевски и допонителниот замник министер во МВР Митко Бојмацалиев.