Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Почнува кампањата за парламентарните избори

Започнуваат караваните усти полни ветувања – денеска стартува кампањата за парламентарните избори.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започнуваат караваните усти полни ветувања – денеска стартува кампањата за парламентарните избори. Партиите веќе на големо се влезени во политичка акција за ловење гласови, но презентирајќи ги своите претседателски кандидати, а од денеска реториката се засилува – и официјално почнува борбата за пратенички мандати во собранието.

Двете кампањи ќе се одвиваат паралелно во текот на следните пет дена, вклучувајќи го и денешниот, по што на 22 април настапува молкот за претседателските избори.

И покрај молкот за претседателските, кампањата за парламентарните избори ќе продолжи и во текот на овие два дена – ситуација која претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, неодамна ја нарече уникатна и единствена досега во изборните циклуси.

Реклама

Кампањата за изборите за пратеници ќе трае до 6 мај, по што ќе започне дводневниот молк пред 8 мај – денот на одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори.

Кампањата за претседателски избори започна на четврти април, во трката за претседател се вклучија 7 кандидати, што е не честа пракса во Македонија. За глас се борат Гордана Силјановска Давкова, Стево Педнаровски, Стефчо Јакимовски, Бујар Османи, Арбен Таравари, Билјана Ванковска, Максим Димитиревски. Гласањето за првиот круг е закажано за на 24 април – ден кој е прогласен за неработен. Досега во Македонија само еднаш е избран претседател во прв круг, тоа во 1994, а сите наредни избори – изброт е во втор круг. 14 дена по одржувањето на првиот круг, се одржува и втор круг на претседателски избори во кој учестуваат два кандидати кои добиле најголем број на гласови на изборите, за изборите да бидат успешни потребно е да гласаат 40 отсто од избирачите. Меѓу првиот и вториот круг на претседателски избори си продолжува кампањата и за парламентарни , но и за двајцата претседателски кандидати. Дента кога ќе се одржува вториот круг на претседателски, односно на 8 мај, ќе се одржат и парламентарните избори, на кои ќе учествуваат 17 коалции и партии.

Вчера во Собранието беше потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори. На чинот беа присутни претставници на повеќето политички партии и коалиции кои ќе учествуваат во изборната трка за место во законодавниот дом, но не сите ставија потпис на Кодексот. Отпорот главно дојде од помалите политички субјекти, а главната причина за ваквата нивна одлука, како што рекоа дел од нив, е неправедната распределба на средства од државниот буџет за изборен маркетинг на политичките партии.