Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Не сакаат да го спроведуваат гласањето, сакаат да празнуваат: Административците креваат раце од изборите

Државните административци сакаат да си спојат слободни денови за првомајските и велигденските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државните административци сакаат да си спојат слободни денови за првомајските и велигденските празници па се откажуваат од обврските на денот на изборите – наместо да спроведуваат избори и тие сакаат да празнуваат. Близу 200 членови од Општинските изборни комисии се откажале од ангажманот. Од оваа бројка, дури 121 член побарал изземање откако се распишале изборите.

Според одлуките на Државната Изборна Комисија (ДИК) објавени во Службен весник, до 1 април 2024 година се разрешени вкупно 192 членови, а ново назначени се 186, од кои најголемиот број во последниве два месеца – информираа од ДИК за РСЕ.

Бидејќи за претстојните избори се потребни околу 800 административци, една четвртина од нив ќе мора да бидат заменети со нови членови кои допрва ќе треба да поминуваат обуки и едукации. 186 веќе се новоназначени.

Реклама

Според познавачите, 192 членови кои си заминале од општинските изборни комисии е сериозна бројка но се очекува Државната изборна комисија да ја изменаџира оваа ситуација.

Сметам дека ДИК ќе го изменаџира тоа. Нивното отсусво мора да биде оправдано. Бројката не е мала, мора да има оправдување. Се бара од резервните кои ги има администрацијата па се пополнуваат тие места. Немало таква бројка, барем јас колку што се сеќавам. Се работи за луѓе кои имаат статус на државни службеници, тие мора да имаат оправдување од лекар, дека е спречен подолго да ја обавува функцијата и тоа значи дека е спречен да оди на работа. Други се, фамилијарни случаи, тие не се многу чести, ДИК ригорозно си проверува, и секој кој сака да ја напушти комисијата мора да има оправдување бидејќи може да се покрене дисциплинска постапка, вели поранешниот претседател на ДИК, Александар Новаковски.

Очигледно тешко може да се одолее на слободните денови кои следуваат. Првиот круг од претседателските е на  24 април во среда и е прогласен за  неработен ден, потоа доаѓа 1 мај, па веднаш потоа Велигденскиот викенд кој трае 4 неработни денови за администрацијата, до 6 мај, а потоа на 8 мај е вториот круг на Претседателските избори и Парламентарните избори кој исто така е неработен ден. Од друга страна и пролетниот распуст за учениците е во истиот период, па тие не одат на училиште од 29 април до 9 ти мај.