Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Еисин работел на кампањата за референдумот со поранешниот премиер Заев?

Скапиот и сомнителен PR стратег,Еисин работел на кампањата за референдумот со поранешниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скапиот и сомнителен PR стратег,Еисин работел на кампањата за референдумот со поранешниот премиер Заев? Ова прашање се поставуава во јавноста откако името на израелецот Асаф се актуелизираше на македоснакта политчка сцена, како лице кое тера кампања за СДСМ плаќано со црни перени пари во кеш?

Во недостаток на официјални инфомации дали навистина работи за нив и како е плаќан, се повеќе сознанија се лиферуваат во јавноста за неговата инволвираност.

Неговото име не тотално непознато пред овој скандал, дел од медиумите и претходно предупредуваа за Еисин и неговите ментори, но и соработници. За начинот на кои тие работат, какви кампањи прават и што поседуваат во Македонија.

Реклама

Како главен ментор на Еисин се споменува Тал Силберстеин, познат израелски политички консултант и претприемач. Тој стана пошироко познат, во негативна смисла, во 2017 година, кога беше обвинет дека креирал црна и валкана кампања во Австрија. Токму учителот на Еисин, има фотографија и со екс-премиерот Заев, а според информации на Фокус, има и казина на излез на Скопје.

  • Силберстеин има регистрирано приватна компанија во земјава, чие седиште е лоцирано на иста адреса со познато казино во скопско Визбегово, каде има уште неколку компании поврзани со израелски ПР-експерти. Меѓу нив е Зив Ерез, кој самиот открива дека работел во земјава на парламентарните избори во 2020 и на локалните избори во 2021 година, пишува неделникот „Фокус“.

Инаку името и работата на Еисин е чуено на далеку, има работено кампањи на секаде. Словенија, Австрија, Босна и Херцеговина како и во Романија.

Според медиумите во регионот, тој работел и за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Кај нас неговото име се поврзува со сериозните сомнежи за кеш на рака и испумпување државни пари за финансирање на партиската кампања на СДСМ.

Актуелниот претседател Стево Пендаровски призна дека се сретнал со него и дека тој бил консултант ангажиран од страна на СДСМ. Лидерот на партијата, пак, упорно тврди дека немало ништо спорно и дека се ќе се видело во конечните финансиски извештаи по изборите, за по неколку дена конечно да признае дека се сретнале – иако претходно тврдеше дека немало такви нешто.

  • Јас сум имал повеќе средби со агенции….. – Го знаеме тој одговор, но конкретно дали се сретнавте со Еисин?… – Чекајте ќе ви одговорам.. – Дали се сретнавте? Да се сретнав, како и со дузина други што сум се сретнал, рече Ковачевски.
  • Имате вие таков консултант? Бидејќи од Кабинетот на Пендаровски рекоа дека Асаф Еисин е консултант на СДСМ? – Не, немам таков консултант, рече Ковачевски- претседател на СДСМ, 21.03.2024.

Опозицијата подолго време предупредува дека Асаф Еисин е ангажиран на црно и прашува дали се плаќа со испумпани пари од државните електрани преку сомнителни тендери, пред се со Марковски компани, фирма во сопственост на белорускиот почесен конзул која важи за исклучително блиска до СДСМ.